Поврзи се со нас

Спорт

СП 2018: Денска ќе ја добиеме втората полуфинална двојка

Објавено

на

После точно 58 одиграни натпревари на Мундијалот во Русија, вчера ги добивме и првите полуфиналисти. Франција и Белгија ќе играат на 10 јули како прва полуфинална двојка. Французите без многу напор ги исфрлија уругвајците, додека белгиците во одличен натпревар со две различни полувремиња го победија Бразил.

Денеска ќе ја добиеме и другата полуфинална двојка. Од 16 часот на Самара арена во Самара, ќе играат селекциите на Шведска и Англија. Селекторот на Англија, Саутгејт со голем респект говори за Шведска. „Немаме добра статистика од дуелите против нив, немаат многу звучни имиња, но имаат добар план на игра, јасно им е што и како треба да играат и ќе ни биде навистина тешко“.  Желбата кај англичаните е огромна и самите знаат дека со победа им се отвара можноста за полуфинале кое го немаат играно од 1990 година.

Швеѓаните скромни, но без многу оптеретување грабат кон завршницата на Светското првенство. Но, кога ќе се погледне дека низ квалификациите тие ги исфлија селекциите на Холандија, во баражот Италија, беа во група до Германија, без поголем напор во полуфиналето ја исфрлија Швајцарија, со сигурност може да кажеме оваа селекција има квалитет за високи достигнувања.

Вечерниот термин од 20 часот е резервиран за последниот четвртфинален натпревар помеѓу домаќинот Русија и Хрватска. И двете селекции се најдоа во оваа фаза благодарејќи на голманите, Акифеев и Субашиќ.

Русите се најслабо рангирана селекција на ова првенство, но исфрлањето на Шпанија во осминафиналето и претходните добри игри во групната фаза покажува дека сепак знаат да играат фудбал. Домашниот терен како предност максимално ќе го искористат да го продолжат историскиот успех кој им се случува на Мундијалот.

Хрватите пак, вторпат во историјата играат четвртфинале, важат за едни од главните фаворити за освојување на овој Мундијал. Селекторот на „коцкастите“ вели дека знае кои играчи ќе ги извади на теренот, со кои ќе им се спротистави на можеби физички најсилната селекција на ова првенство, вели Далиќ. Според информациите кои пристигаат од Русија, Далиќ размислува да ја извади формацијата со која играше против Нигерија, односно да ги нападне русите од прв минут со четворица напаѓачи: Ребиќ, Перишиќ, Крамариќ и Манџукиќ.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена