Спорт
СП 2025: Македонските ракометари во група со Холандија, Унгарија и Гвинеја
Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) синоќа со жрепка во Загреб го одреди составот на групите за Светското првенство во 2025 на кое македонската репрезентација во првата фаза ќе игра против Холандија, Унгарија и дебитантот Гвинеја.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров се дел од групата Д во која натпреварите ќе се играат во Вараждин.
Жрепката одлучи македонските ракометари да се вратат во хрватскиот град во кој ги одиграа натпреварите од главната фаза на Мундијалот на кој Хрватска беше домаќин во 2018 година.
Светското ракометно првенство за мажи, 29 по ред, ќе се одржи од 14 јануари до 2 февруари идната година во Хрватска (Вараждин, Пореч, Загреб), Данска (Хернинг) и Норвешка (Осло).
СП 2025 ќе биде прво историјата кое заеднички ќе го организираат три држави. Данска ќе биде домаќин по трет пат, Хрватска по втор пат, а Норвешка прв пат ќе биде во улога на домаќин на машкиот ракометен Мундијал.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија