Спорт
СП2022: Аргентинска инвазија за полуфиналето против Хрватска

Од 35.000 до 40.000 Аргентинци се очекува да допатуваат во Доха за денешниот натпревар против Хрватска во рамки на полуфиналето на Светското фудбалско првенство, покажуваат проценките на Амбасадата на Аргентина во Катар.
Станува збор за најголем навивачки контингент кој пристигнува од Аргентина во Катар.
Аргентинските фудбалери на Светското првенство имаат поддршка од илјадници Индијци и Бангладешани, кои се вработени во Катар.
„Тоа што го работам, го работам за 45 милиони луѓе. Тие минуваат низ лош економски период. Да им се пружи радост на луѓето е најдобрата работа што ми се случува во овој момент“, изјави аргентинскиот голман Емилијано Мартинез, кој беше најзаслужен за триумфот на Аргентина на пенали против Холандија во четвртфиналето на Мундијалот.
Полуфиналето меѓу Аргентина и Хрватска се игра вечерва од 20 часот на стадионот „Лусаил“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава