Вести
Спасовски: Го имаме мнозинството во Советот, мора да го имаме и Невзат Бејта за градоначалник

„Овие Локални избори имаат историско значење за Македонија. Правењето на коалицијата на СДСМ и ДУИ во првиот изборен круг, се случува за прв пат во Македонија и претставува сериозна визија за иднината на државата.Ова е почеток на сериозно партнерство, базирано на вистински вредности како транспарентност, чесност, одговорност. Програмата на СДСМ за локалните избори во Гостивар ја доби поддршкаа на граѓаните во првиот круг и најважно е што Програмата ја прифати и идниот градоначалник Невзат Бејта. Затоа порачувам – го имаме мнозинството во Советот на општината, а на 29-ти мора да го имаме и Невзат Бејта како градоначалник кој ја има сто процентната поддршка на Владата за реализирање на ветените проекти“, изјави на синоќешната трибина во Гостивар, Оливер Спасовски потпретседател на СДСМ повикувајќи ги гостиварци во вториот изборен круг да ја дадат поддршката за кандидатот на ДУИ.
Бејта во своето обраќање се осврна на неколку покрупни проекти предвидени во неговата Програма: изградба на нов мост, реконструкција на плоштадот, водовод за најголемите села Чегране и Форино, решавање на проблемот со регионалната депонија, колектор за канализиација и нова водоводна мрежа.
„Добивме поддршка од Владата и некои проекти веќе се реализираат. Сега имам и ветување дека ќе бидат поддржани повеќето проекти. А гаранција дека ќе работиме успешно е и тоа што во советот обезбедивме мнозинство“, рече Бејта.
Потпретседателот на СДСМ, Спасовски зборуваше и за сработеното во првите 100 денови од Владата и ги нагласи покрупните зафати и законски решенија кои биле донесени во тој период: законот за минимална плата, законот за стечајните работници, укинувањето на радио дифузната такса, ефтината тарифа за електрична енергија и укинувањето на рекламите за владино рекламирање, со што биле обезбедени 30 милони евра за МРТВ.
„Со победата на овие избори му беше зададен последниот удар на режимот и на Никола Груевски, на криминалот и корупцијата. На овие избори се зпочнува нов пат, пат на нови визии и заедништво во оваа наша земја“, порача Спасовски.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!