Вести
Спасовски во Гостивар: Иванов да го потпише Законот за ратификација на договорот
Потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски денес беше во посета на Гостивар. Оствари средби со своите сопартијци и со граѓани, беше во црквата „Пресвета Богородица“, по што во изјава за медиумите го повика претседателот Ѓорѓе Иванов да го потпише Законот за ратификација на договорот со Грција.
„После многу години тапкање во место, сега граѓаните ја имаат историската шанса да помогнат на Македонија, на самите себе си, на нашите и своите деца Република Македонија да биде членка на НАТО и ЕУ, Република Македонија да има економски просперитет и да споделува исти вредности како земјите на Европската Унија. Овие процеси не треба никој да ги попречува, треба сите граѓани да се приклучиме во оваа битка за осварување на националните интереси, а тоа е членството во ЕУ и НАТО. Во тој поглед, најголема одговорност треба да имаат политичарите. Го повикувам Иванов да го потпише Законот за ратификација на меѓународниот договор, да помогне Република Македонија да исчекори напред и да покаже дека е за иднина на оваа држвата и за иднина на новите генерации“, изјави Спасовски.
Во врска со најавите од опозициската ВМРО ДПМНЕ дека ќе бараат Закон за амнестија на осудените за случувањата од 27 април, Спасовски децидно рече дека амнестија нема да биде дозволена.
„Апсолутно не се боревме за амнестија на криминалот на никого, сакаме да има правда за сите и секој во трансарентни постапки да одговара за стореното. Упатувам порака дека амнестија нема да има за никого, никој да не се надева на амнестија, секој нека се соочи со правдата за она што го направил и тоа е европска вредност. Правда мора да има за сите, да чекориме цврсто храбро и заеднички без разлика на национална и верска припадност по тој европски пат “, рече Спасовски.
Спасовски во Гостивар го придружуваа пратеникот од СДСМ Благојче Трпески, претседателот на општинската организација на партијата Зоран Ангелов и други партиски членови.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди