Гостивар
Спасовски во Маврово-Ростуше: Само со подобри услови, полицијата ќе може да испорачува врвна безбедност

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски заедно со државната секретарка, Магдалена Несторовска денес остварија работна посета на Општина Маврово-Ростуше каде со градоначалникот на општината, Медат Куртовски разговараа за безбедносната состојба во општината и овој регион како и за посветеноста на локалните власти во изградба и реконструкција на повеќе објекти од битно значење за граѓаните.
,,И во најтешките моменти на кризата со пандемијата Ковид -19 , продолжуваме целосно да ги реализираме важните инвестиции, да инвестираме во суштинските области и во државните капацитети кои ќе генерираат напредок и прогрес“, истакна министерот.
Градоначалникот Куртовски искажа задоволство од соработката со безбедносните служби и во овој исклучително тежок период на пандемија.
Спасовски и Несторовска направија обиколка во близина на полициското одделение во Ростуше каде во тек се интензивни градежни активности.
Во поглед на безбедносната состојба на овој регион нарушувањата на јавниот ред и мир споредено со истиот период минатата година заради Ковид -19 пандемијата се значително намалени, но од полициското одделение велат дека и во овие специфични услови на пандемија се карактеризираат со добра покриеност на регионот со патролни служби и редовни активности на полициските службеници. Така во поглед на стапката на криминалитет за изминативе девет месеци од 01.01.2020 до 30.09.2020 од 35 кривични дела кои се гонат по службена и приватна тужба расчистени се 20 или процентуално 75%.
„Наш врвен приоритет и во иднина останува да вложуваме во условите за работа, во техника и опрема бидејќи само со подобри услови за работа полицијата ќе може да испорачува врвна безбедност, што директно влијае на унапредување на квалитетот на животот на сите граѓани“, рече министерот Спасовски
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче