Поврзи се со нас

Македонија

Спасовски: Впишувањето во диптихот на светиите на Свети Кирил Лешочки од огромно значење за македонскиот народ и МПЦ

Објавено

на

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот фејсбук профил објави дека му претставува неизмерна чест и задоволство што присуствувал на канонизација за Светител на Кирил Лешочки, а воедно и одбележување на 10 години хиротонија за епископ на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј”.

-Денеска, Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со чинот на канонизација, со кој чиноначалствуваше Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, и со Света Божествена Литургија, го вброи во редот на светиите, Свети Преподобен Кирил Пејчиновиќ, македонски просветител и црковен деец, не само на просторите на тетовско-гостиварската епархија, туку и пошироко, низ целата држава, напиша Спасовски на Фејсбук.
Впишувањето во диптихот на светиите на Свети Кирил Лешочки, како што посочува Спасовски, има огромно историско, културно и духовно значење за македонскиот народ и македонската православна црква. – Светоста е основниот мотив за живот на христијаните, а со ваков чин се напојуваат срцата на Христољубивите души. Нека овој чин биде духовен плод – уште еден молитвен покровител за верниот македонски народ, додава тој.

Спсосвски упати најискрени честитки до Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, за големиот животен хуманитарен подвиг, за еден поинаков начин на живот, мислење и сфаќање, особено за ова време, како и за целосната предаденост кон Христа.

-Дозволете ми да споделам една мисла од Владиката Јосиф – „Децата од домовите се моето големо семејство, ако ги заборавам, сум се заборавил себе си.” Таквото милосрдие е основната добродетел во христијанството. Нека уката од Свети Кирил Лешочки и од Владика Јосиф, бидат пример во верата, во ревноста, да се проповеда спасението со кое Христос го трансформираше и човекот и светот.  Нека е за многу години!, напиша Спасовски на Фејсбук.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Регионпред 3 часа

Невреме во Словенија, снег во Хрватска, студ во БиХ

Гостиварпред 5 часа

Повик за невработени за платено практиканство по 11.000 денари месечно

Гостиварпред 6 часа

Завршени 89% од експропријацијата за автопатот Гостивар-Тетово, 27% за Букојчани–Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Болните и изнемоштени до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори

Македонијапред 8 часа

За една година 5.365 помалку ученици во училиштата во Македонија

Културапред 9 часа

Во Гостивар во четврток изложба и перформанс на Бојана Артиновска

Спортпред 10 часа

Познати 11 кошаркари на „дрим тимот“ на САД за Олимписките игри

Гостиварпред 12 часа

Пожари кај Бунец, меѓу Сретково и Церово, во атар на Горјане…Над тетовско Селце гори неколку дена

Гостиварпред 14 часа

Метеоролозите со предупредување за локално невреме

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена