Гостивар
Спектакл во најава: КК Гостивар во сабота го пречекува МЗТ Скопје (17:30 часот)
Ждрепката сакаше КК Гостивар да игра против најтрофејните македонски клубови во две кола по ред. Во минатото 2.коло, гостуваше во Градски парк, каде ја надигра екипата на Работнички, но на секунда пред крај го загуби мечот. Во 3.коло, во сабота во Гостивар, гостува екипата на МЗТ Скопје.
„Штрковите“ се едни од најголемите претенденти за титула сезонава. Имаат одличен ростер, во кој пред се е собрано многу искуство. МЗТ Скопје е единствена екипа од Македонија, која се натпреварува и на меѓународен план, односно во АБА2 лигата, каде од 5 одиграни кола, имаат 5 победи.
Гостиварци сеуште не може да го преболат поразот во последна секунда од Работнички, прикажаната игра, надигрувањето на противникот на секоја позиција, најавата за казни на судиите поради лоша арбитража го прават Гостивар само посилен противник. Дали сметката на сето тоа ќе ја плати МЗТ Скопје, ќе дознаеме во сабота.
Ова е и прв сериозен тест за гостиварската публика во новата сезона. Навивачката група Гемиџии подготвува вистински спектакал за натпреварот и ги повикува сите на кои бело-сината боја им е во срце да им се придружат. Од кошаркарскиот клуб пак апелираат за фер и коректно навивање и да се почитуваат правилата за однесување на спортски натпревари, за да се избегнат финансиски казни.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди