Занимливости
Спиење со чорапи или без – што открива таа навика за вас?

Психолозите велат дека спиењето со чорапи на нозе нема врска со топлина или студ, туку со психата и карактерот на една личност.
Луѓето се интересни суштества – постојат два вида во светот – оние кои носат чорапи кога спијат и оние кои сакаат да бидат боси. Некои луѓе не можат да спијат без чорапи на нозе бидејќи им е ладно, а други не можат да спијат со нив бидејќи им е жешко.
Многумина се убедени дека се работи за навика, но всушност се работи за состојбата на психата и нема врска со топлината и студот во просторијата, туку е поврзана и со состојбата на организмот, според психолозите. А еве кое е објаснувањето:
Луѓе кои спијат со чорапи
Тоа го прават затоа што навистина го чувствуваат студот, иако собата не е студена. Ова може да биде поврзано со различни физички аспекти како што се дебелината на кожата и бавниот метаболизам. Но, спиењето во чорапи е исто така одраз на психата. Луѓето кои не можат да заспијат без чорапи на нозе обично имаат потреба да бидат заштитени, сакаат да престојуваат на удобни места и секогаш се стремат да воспостават длабоки и многу интимни односи со другите. По природа се нежни, најсреќни се во нечија прегратка и не им пречи да го делат својот личен простор со други луѓе.
Луѓе кои спијат без нив
За нив, спиењето со чорапи на нозете им предизвикува непријатност и им е премногу топло за да заспијат. Физички, ова може да укаже на брз метаболизам, добра циркулација и подебела кожа. Но, гледајќи ја нивната психа, тие се многу независни и заштитнички настроени кон другите. Нивниот личен простор им значи многу и ќе се дружат со други луѓе само кога ќе им се допадне, не секогаш. Тие се многу искрени. Нив ги привлекуваат предизвиците, и ќе направат се за луѓето за кои се грижат, само за да се чувствуваат добро.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос