Гостивар
Спласна интересот за вакцини против ковид во Гостивар, трета доза примиле 15-тина лица

Значително е намален интересот кај населението од Гостивар и гостиварско за антиковид вакцинација. Пред пунктот на Здравствениот дом нема гужва, за разлика од периодот на воведување на рестрикциите за невакцинирани и силен ковид бран, кога пред имаше редици и за вакцина се чекаше со часови.
На дневна основа во пунктот во градот со прва доза се вакцинираат околу 50-тина граѓани, плус до 30 во пунктовите во Врапчиште и Чегране.
„На пунктот во Гостивар работиме, како и претходно, од 8 до 18 часот, но интересот за вакцинација за прва доза е намален за разлика од јули, август, септември. Веќе нема гужви како претходно“, рече д-р Дафина Богданоска од Здравствниот дом Гостивар.
Кон крајот на септември во земјава започна вакцинација и со трета доза. Препораката најпрво важеше за медицинари, постари и лица со имунолошки болести. Но, потоа се дозволи за сите граѓани. Вакцинираните со Синовак и Синофарм трета доза може да примат откако ќе поминат 3 месеци од втората, а вакцинираните со останатите вакцини по шест месеци.
„Околу 15 граѓани до сега побарале да бидат вакцинирани со трета доза. Граѓаните добиваат СМС порака, откако ќе помине определеното време, зависно со која вакцина се претходно вакцинирани и потоа може да дојдат и да примат трета доза, која е исклучиво Фајзер. Инаку моментално и за прва доза вакцинираме само со Фајзер“, вели д-р Богданоска.
Гостивар е со стабилна ковид состојба. Новозаразени се регистрираат во мал број, активно болни има вкупно 64.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја