Поврзи се со нас

Гостивар

Според ДЗС во Гостивар лани се изградени 13 дивоградби

Објавено

на

На подрачјето на Општина Гостивар, минатата година биле изградени вкупно 13 дивоградби, од кои девет се објекти за домување, една гаража и три огради. Податоците се содржат во соопштението кое го објави Државниот завод за статистика, за бесправно изградени градби во 2018-та година. Споредено со претходната, 2017-та, бројката на дивоградби се зголемила за пет.
Гледано по општини, најмногу диви градби има во Скопје (226), Куманово (78), Штип (70), Липково (68), Струмица (56), Охрид (50) итн.
Во Врапчиште лани регистрирани се 6 бесправни градби, сите објекти за домување, додека во Маврово и Ростуше вкупно 4, од кои еден објект за домување, една гаража и 2 огради.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2018 година, во земјава се регистрирани вкупно 955 бесправно изградени објекти.
Според видот на објектот, бесправно се изградени 249 објекти за домување (26.1 %), 133 доградби, надградби и адаптации (13.9 %), 113 деловни објекти (11.9 %), 78 гаражи (8.2 %), 134 огради (14.0 %), 6 скалила (0.6 %), 15 тераси (1.6 %), 28 летни тераси (2.9 %), 95 настрешници (9.9 %), 13 времени објекти (1.4 %) и 91 помошен објект (9.5 %).
Најголем број бесправно изградени објекти (98.1 %) се во приватна сопственост.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
ФОТО ВЕСТпред 3 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 3 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Гостиварпред 4 недели

Пријава за измама – Двајца гостиварци купиле ист стан

Видео емисиипред 2 недели

ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог

Видео емисиипред 4 недели

ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“

Македонијапред 3 недели

Министерството за енергетика со информации за сметките за струја – Приговори, цена по блокови, процедури…

Македонијапред 4 недели

Околу 32.000 корисници на МојДДВ чекаат поврат на парите

Светпред 4 недели

Џамијата Балиу во Елбасан прогласена за верски објект со најубава архитектура во светот за 2025 година

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар состанок за училиштата: Носење униформи, отсуства и мобилни телефони дел од темите

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 3 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена