fbpx
Поврзи се со нас

Гостивар

Според ДЗС вработените во септември земале просечна плата од 27.405 денари

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2020 година, изнесувала 27.405 денари, што е повисок индекс за 107.7, во однос на септември 2019 година.

Најниска плата добиваат вработените во секторите:  производство на кожа и слични производи од кожа (15.477 денари), заштитни и истражни дејности (16.587 денари), рибарство и аквакултура (17.442 денари), производство на облека (17.313 денари).

Најдобро платени сектори остануваат компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности со месечни просечни примања од (67.216 денари), информации и комуникации (49.713 денари), воздухопловен транспорт (48.349 денари), производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати (45.799 денари), финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови (43.113 денари).

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

АНКЕТА:

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ЛЕГАЛИЗИРА МАРИХУАНАТА ВО ЗЕМЈАВА?

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!