Деца Родители
Според овие правила Евреите ги воспитуваат своите деца
Најдобар систем на воспитување на деца е довербата, така мислат Евреите.
Ви ги претставуваме златните правила и методи , како Евреите од мали деца прават големи луѓе.
Ова се нивните клучни правила за воспитување:
Наградете ја самостојноста
Просечните родители се убедени дека децата можат да успеат во животот доколку веруваат дека можат се. Во еврејските семејства, сосема е вообичаено да видите едногодишно дете како само ја јаде својата шницла. Тоа е затоа што Евреите дозволуваат на децата да работат сами, штом физички станат способни за тоа.
Се е тешко додека не стане лесно
За да станат независни, децата треба да бидат насочени кон нови знаења. Ако детето започне со некое хоби, родителите треба да го поддржат и охрабрат. Ако нешто не иде, тие на своите деца им велат дека секој почеток е тежок, а не дека за тоа се сеуште мали или не се способни.
Довербата е најдобра награда
Треба ли да ги наградуваме ваквите напори? Да, но не со слатки! Во еврејските семејства, детето се наградува со доверба. Доколку му е дадена некоја задача со доверба, тоа ќе се потруди и на крајот ќе го направи тоа како што треба.
Не е се во изгледот
Кога европските мајки би виделе како еврејските деца изгледаат додека се шетаат, тие би полуделе. Тие често се валкани со кал, прстите им се лепливи, колената полни со прашина, а копчињата од облеката недостасуваат… Евреите мислат дека бескорисно е да им се наметнува , на децата, да имаат секогаш чиста облека на себе, а со тоа ги учат дека и не е се во изгледот и во убавината.
Прифаќање на неуредноста
Еврејските деца често се опкружени со хаос, што на нивните родители не им смета. Тие разбираат – ако детето е неуредно, кога тие ќе ги соберат сите работи, детето повторно ќе ги расфрли. Наместо да зборуваат околу несредената соба, Евреите им дозволуваат да живеат онака како што ним е комфорно, но им објаснуваат зошто уредноста е битна.
Сета енергија се троши
Родителите често се осеќаат исцрпено само кога ќе видат како децата на Евреите се однесуваат. Цел ден го поминуваат трчајќи наоколу, но никој нема да им дофрли „Не се качувај таму“, „Не го допирај тоа“, или „Смири се“. Родителите за овие енергични деца сметаат дека е битно да ја исфрлат насобраната енергија од себе, посебно додека се мали. Така кога ќе пораснат ќе имаат поголемо самодоверба и ќе бидат по упорни во своите цели.
Мудра слобода
На еврејските деца навистина им се допуштаат полно работи. На пример, цртање по ѕид во домот. Тоа го сметаат за знак дека детето е надарено за сликање. Сепак постои граница која не смеат да ја преминат, а тоа е непочитување на семејството. За тоа казните се строги.
Тато е главен, но и мама
Почитувањето на родителите се всадува од најраната возраст. Секое дете во еврејско семејство знае дека неговите родители се главни, но она што го прават они е од помало значење. Поради тоа тие никогаш не зависат од родителите и не бараат од нив да завршат нешто наместо нив, туку тоа го прават сами.
Детска самоконтрола
Во еврејските семејства децата не се казнуваат така што нешто им се одзема. Напротив, кај нив постојат правила за одредени бенефити кои следат за исправни одлуки. Детето не учи низ казни и рестрикции, туку учи како да го исправи своето однесување за сопственото добро.
Ништо не проаѓа не забележано
Модерните психолози советуваат да не ги фалите своите деца за секое шкрабање кое ќе го направат. Евреите пак се убедени дека секое достигнување треба да се награди. Кога детето на една мајка Еврејка, донесе салфета со шкрабаници, таа ќе најде начин тоа да го покаже на остатокот од семејството како ремек дело.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија: НОВОГОДИШНО „НАРАЧАНО“ ИНТЕРВЈУ со Дедо Мраз | Gostivarpress.mk