Поврзи се со нас

Гостивар

Спортската сала во гостиварско Дебреше пуштена во употреба

Објавено

на

Спортската сала на основното училиште „Фаик Коница“ во гостиварското село Дебреше, денес официјално беше пуштена во употреба. Објектот опфаќа површина од 1.200 метри квадратни, а инвестицијата која надминува 37 милиони денари е на Министерството за образование и наука.

„Ова е свечен чин. Процедурите и обидите за изградба на салата почнале од 1994 година и после толку време и неуспешни процедури, дојдовме до ситуација овој објект да се заврши. Задоволството е големо, затоа што ова е спортска сала која по големина и критериуми важи за една од најдобрите во регионот.“, изјави Шабани.

На отворањето на салата се обрати и градоначалникот Арбен Таравари.

„По скоро три децении чекање и смена на четири или пет министри за образование Албанци, оваа капитална инвестиција стана реалност дури денес. Ова во друга држава не може да се случи, само овде. Му честитам на нашиот сограѓанин, заменик министерот за образование и наука, Арафат Шабани кој со својата заложба, овозможи работите во оваа сала да бидат завршени.“, рече Таравари.

На пуштањето во употреба на спортската сала во Дебреше присуствуваше и потпретседателот на Собранието, Фадиљ Зендели, високи функционери од ДУИ, пратеничките Арта Биљали Зендели и Вјолца Адеми, заменик министерот за одбрана Башким Хасани и други.

Освен за потребите на учениците, салата ќе служи и за организирање натпревари во мали спортови.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена