Гостивар
Спортски игри за основците во Гостивар: Влечеа јаже, скокаа во вреќи, додаваа топка…

Учениците од основните училишта на подрачјето на гостиварската општина денешниот ден го исполнија со спортски активности, дружење и забава. Сојузот на училишни спортови Гостивар во соработка со општината и со поддршка на Агенцијата за млади и спорт, организираше спортски игри за основците под мотото „Забавен училишен спорт“. Децата на градскиот стадион имаа можност да спортуваат и да се рекреираат во најразлични категории, како скокање во вреќа, влечење на јаже, вртење на хулахоп, игри со топка…
„Овие настани ги организираме со цел да ја подигнеме свеста на учениците за поздрав живот преку психо-физичките активности. Сакавме училишната година да ја завршиме токму на ваков начин, со спортување и рекреација во корист на децата. Се надевам дека во иднина овие настани ќе заземаат се‘ поголема димензија“, рече претседателот на Сојузот на спортови Гостивар, Бурим Бешири.
На отворањето на спортските игри пред учесниците се обрати градоначалникот Арбен Таравари.
„Нема активност што ги спојува децата подобро од спортот, се радувам што денеска имаме токму таква активност. Во време кога децата се поврзани многу со смарт телефоните и компјутерите, како никогаш до сега, им требаат спортски активности. Овој настан е во тој правец, да ги оддалечиме децата од ИТ технологијата, а да ги доближиме до игрите, спортот, она што најдобро делува на срцето, телото и на мозокот“, кажа градоначалникот.
Претседателот на Федерацијата на училишни спортови на Македонија, Александар Туфекчиевски порача дека овие активности треба да се поддржуваат, за децата да се мотивираат што повеќе да се занимаваат со спорт.
„Меѓу овие деца има идни врвни спортисти кои ќе израснат токму од овие терени. Забавниот училишен спорт е темелот кадешто се почнува и каде учениците го допираат и засакуваат спортот. Се надевам дека сите заедно ќе придонесеме спортот да се издигне на едно повисоко ниво“, истакна Туфекчиевски.
Децата учесници во спортските игри на подарок добија топки и други спортски реквизити.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден