Поврзи се со нас

Македонија

Срамота е пасошот со „Република Македонија“ да важи во Германија, Швајцарија, Албанија, а кај нас не-вели Тошковски

Објавено

на

Македонскиот пасош со старото име се употребува во Германија, Швајцарија, Албанија, Косово и срамота е што не важи и во земјава заради важечкиот законски пропис. Решение за тоа е пратениците, како што го сменија Законот за безбедност во сообраќајот, така да го сменат и Законот за патните исправи и да го решат веќе еднаш проблемот на граѓаните, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„Срамота е Македонија да ги зароби граѓаните на територија на која што сме и притоа доколку пробаат да излезат од Македонија, ние не ги пуштаме, заради тоа што Законот е таков, а слободно може да се движат со македонскиот пасош со старото име во рамки на Германија, Швајцарија, Албанија, Косово. Очигледно е дека МВР превзема максимум во рамки на можностите коишто ги има во овој дел, но би сакал да го повторам решението на маките на граѓаните, а тоа решение е 61 пратеник да си ја заработи платата и да стиснат на тоа пусто копче, како што го сменија Законот за безбедност во сообраќајот, така да го сменат и Законот за патните исправи, и да го решат веќе еднаш проблемот на граѓаните“, рече Тошковски во одговор на новинарско прашање на одбележувањето на Денот на Одделот за заштита на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи.

Тој ги повика пратениците во Собранието да постапат по оној предлог закон кој, како што рече, го доставив истиот ден заедно со Законот со возачките.

„Како што го поминаа Законот за возачките, така и да си го поминат и Законот за пасошите. Само тоа е решение. А граѓаните нека судат. Јас мислам дека граѓаните се многу умни и гледаат дека во споредба со она неработење и непрофесионалност од претходно, сега ако ништо друго даваме максимум се од себе“, рече Тошковски.

Потврди дека веќе пристигнале 20.000 обрасци со новото име на државата.

„Не сакам да отворам теми во јавност каде што немам точни и информации, но отприлика некаде во осми месец имало договор согласно којшто заклучно со 18 февруари во Македонија требало да пристигнат 400.000 обрасци. Тој договор со одреден акт е заменет и притоа заклучно со 18 февруари согласно тој договор е превземена обврска негде отприлика во декември месец за 22.000 обрасци. Немам уште утврдено со соодветни докази, зошто е така сторено. Но ќе истражиме“, посочи Тошковски.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Поради дефекти прекин во водоснабдувањето во дел од Гостивар и Бањица

Гостиварпред 2 недели

Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад

Гостиварпред 3 недели

Напад на малолетник во угостителски објект во Гостивар

Претседателски избори 2024пред 4 недели

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

Македонијапред 2 недели

9 мај – Ден на победата над фашизмот

Гостиварпред 4 недели

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

Претседателски избори 2024пред 4 недели

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

Претседателски избори 2024пред 4 недели

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена