Вести
Србија: 60 евра помош за секој полнолетен граѓанин и 25 евра за вакцинирани

Денес започна со работа контакт центарот, преку кој граѓаните на Република Србија ќе можат телефонски да аплицираат за државна парична помош во износ од 60 евра.
Телефонскиот број на контакт центарот е 0800 101 100 и повикот е бесплатен. Електронското аплицирање за истите 60 евра преку порталот на Трезорската управа, на адресата „idp.trezor.gov.rs“, започна на 28 април, а досега, над три милиони луѓе се пријавиле за оваа мерка економска помош на граѓаните, пренесува Танјуг.
Право на парична помош во износ од 60 евра имаат полнолетни граѓани на Србија, кои имаат живеалиште на територијата на Србија и важечка лична карта.
Пензионерите, примателите на социјална помош и лицата во институциите за извршување на кривични санкции не треба да се регистрираат, бидејќи помошта за нив ќе им се исплаќа автоматски, се наведува во соопштението.
Првите 30 евра пензионерите ќе ги добијат утре, на 6 мај, додека другите 30 евра ќе ги добијат во ноември. Покрај тоа, пензионерите ќе добијат уште 50 евра во септември.
Оваа мерка се спроведува во рамките на третиот пакет помош наменет за граѓаните и економијата со цел да се ублажат економските последици од пандемијата на ковид вирусот. Третиот пакет за поддршка на Р. Србија вреди 257 милијарди динари, или околу две милијарди евра.
Српскиот претседателот Александар Вучиќ најави дека пари од државата ќе добијат и сите кои примиле вакцина против ковид до сега, како и граѓаните кои ќе се вакцинираат до 31 мај. Се работи за сума од 3.000 динари, односно околу 25 евра.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо