Вести
Србија ја проширува листата на поевтина храна и други производи

Акцијата „Подобра цена – цена за народот“, од среда, во Србија ќе се прошири за 16 нови категории производи: брашно ТИП 500 и ТИП 400, сончогледово масло, кисело млеко, маргарин, намаз со сирење, кромид, грав, зелка, паштета, виршли, замрзнат грашок, џем, бисквити, паста за заби и сапун. Промоцијата ќе трае до 31 декември, а производите што се дел од промоцијата во продавниците ќе бидат јасно означени со знакот „Подобра цена“ за потрошувачите полесно да ги најдат на полицата и да ги купат, јави дописникот на МИА од Белград.
Министерот за трговија, Томислав Момировиќ во соопштението на ресорното министерство истакна дека е исклучително задоволен од одзивот на трговците и производителите, видливоста на акцијата и нејзините ефекти.
„Подобра цена“ е заедничка акција и иницијатива на државата и трговците, а нејзината основна цел е да ги заштити стандардите на граѓаните, кои за своите пари ќе можат да купат повеќе производи. Производи од акцијата „Подобра цена“ има доволно и тие ќе бидат достапни на полиците на сите малопродажни продавници во земјава, во повеќе од 2.500 продавници низ целата територија на Србија, изјави министерот Момировиќ и додаде дека потенцијалната препродажба на производите ќе биде строго санкционирана.
Во рамки на акцијата „Подобра цена – цена за народот“, која почна на 13 септември и ќе трае до 31 декември 2023 година, на постојаниот режим „акција“ веќе се: млеко, јогурт, бело сирење, јаболка, компири, тестенини, пилешко месо и салама (паризер), безалкохолни пијалоци, кафе, храна за бебиња, шампон за бебиња, пелени за бебиња, шампон за возрасни, тоалетна хартија, хигиенски салфетки, детергент за миење садови, детергент за алишта.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос