Свет
Србија купува 12 нови авиони Рафал од Франција за 2,7 милијарди евра

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборуваше на прес-конференција по средбата со претседателот на Франција, Емануел Макрон во Белград, каде што ги објасни деталите од состанокот и договорите што биле потпишани.
На почетокот на конференцијата, Вучиќ изјави дека разговорот бил долг. Потоа се осврна и на најважниот дел од средбата.
- Големата вест е купувањето на Рафал авиони. Ќе видите, ќе бидеме сосема отворени. Договорот е потпишан со логистички пакет. Од резервни мотори до сè друго. Вкупната вредност е 2,7 милијарди евра. Дванаесет сосема нови авиони ќе бидат во сопственост на Србија. Ова е огромна вест и ќе значително ќе придонесе на оперативните способности на нашата армија. Благодарност до Макрон што ни овозможи да купиме нови Rafale авиони и веруваме дека тоа не беше лесно. Веруваме и во добра соработка на нашите армии во иднина. Во 2024 и 2025 година ќе исплатиме по 15 отсто од буџетот, по 421 милион евра. Нема да го зголемиме уделот на јавниот долг во БДП на Србија, порача тој.
На крајот, Вучиќ рече дека разговарале и за ситуацијата во Европа и регионот.
- Мене не ми е срам, за разлика од многумина, да зборувам отворено и искрено со Макрон. Тој е еден од луѓето кои може да слушне различно мислење и мислам дека е важно да дојдеме до мир што побрзо. Изразив желба ситуацијата во регионот да биде целосно стабилна и сигурна. Верувам дека ќе имаме значајна поддршка од Франција во ова прашање, заклучи Вучиќ.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос