Поврзи се со нас

Спорт

Србија во финалето на светскиот шампионат во кошарка

Објавено

на

Кошаркарската репрезентација на Србија се пласираше во финалето на Светското првенство, откако денеска во Манила ја совлада Канада со 95:86 (23:15, 29:24, 23:24, 20:23). Во второто полуфинале од 14:40 часот се среќаваат селекциите на САД и Германија.

Капитенот Богдан Богдановиќ ја предводеше Србија до финалето на Светското првенство со 23 поени, а го следеше Никола Мулутинов со 16 поени и десет скока. А Огњен Добриќ постигна 16 поени, Марко Гудуриќ додаде 12, а Алекса Аврамовиќ десет поени.

Во канадскиот тим, кој го одигра првото полуфинале на Мундобаскетот во историјата, најефикасен беше Еј Џеј Берет со 23 поени, додека Шеј Гилгес-Александер мечот го заврши со 16 поени.

Србија подобро го започна натпреварот и по двете врзани тројки на Добриќ и Богдановиќ поведе со 8:1, но Канада веднаш одговори на ист начин преку Берет и Олиник. Канаѓаните потоа стигнаа до плус три (10:13) на четири и пол минути пред крајот на првиот период, но потоа застанаа.

Следеше серијата на Србија од 11:0, која ја започна Добриќ, а повторно ја заврши одличниот Аврамовиќ, за водство на Србија од 21:13. Серијата на Србија ја прекина Олиник кој влезе во последната минута, но избраниците на Светислав Пешиќ на првиот одмор заминаа со осум поени предност – 23:15.

По четири минути игра во вториот дел и петте врзани поени на Богдановиќ, Србија стигна до првата двоцифрена предност (33:23) и го задржа водството до големата пауза. Најзаслужен за тоа беше Милутинов, кој постигна осум врзани поени за предност од 52:39 на полувремето.

Второто полувреме Канаѓаните го отворија со двете тројки на Брукс, но Србија во тој дел од играта успеваше да го одбие секое нивно налетување и да ја зачува предноста, влегувајќи во последните десет минути од натпреварот со водство од 75:63.

Србија блескаво ја започна последната четвртина – украдена топка и поени на Аврамовиќ, а потоа и тројка на Гудуриќ за плус 17 (80:63). Канаѓаните се обидоа да се вратат во мечот, но не успеаја, а се беше практично готово по четири брзи поени на Давидовац и Богдановиќ за 95:79 на нешто повеќе од две минути до крајот.

За репрезентацијата на Србија ова ќе биде 10-то финале.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Технологијапред 5 часа

Што би се случило доколку светот остане без интернет?

Македонијапред 6 часа

Кривични за злоупотреба на имиња на познати лекари во реклами за чаеви

Гостиварпред 8 часа

Што прво би направиле ако станат градоначалнички на Гостивар? Одговараат советничките Нешковска и Ќироска

Гостиварпред 10 часа

Приведен маж во ПС Гостивар за напад врз поранешната сопруга

Македонијапред 11 часа

За 30 % поевтин роаминг за македонските граѓани со земјите од ЕУ, од 2028-ма година цените се изедначуваат

Гостиварпред 12 часа

Возило удрило во електричен тротинет, гостиварец тешко повреден

Македонијапред 13 часа

До 6-ти ноември трае Конкурсот за поддршка на проекти од културата за 2024 година

Гостиварпред 14 часа

(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки

Вестипред 15 часа

Дваесетина загинати во автобуска несреќа близу Венеција

Гостиварпред 3 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Почина нобеловецот со гостиварско потекло Ферид Мурад

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 4 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена