Вести
Србинка ограбила своја роднина во Гостивар – и претходно крадела од блиски
Србинка била на гости кај своја родина во Гостивар и и` го украла златен накит вреден околу 500 евра. За среќа на ограбената, накитот бил пронајден и вратен, а србинката завршила во полиција.
Кражбата се случила вчера во куќата на триесет и едногодишната гостиварка М.Д, околу 14 часот. Полицијата соопшти дека српската државјанка, К.З.Б , која била блиска роднина на домаќинката го искористила нејзиното кусо отсуство и од фиока во биро одзела повеќе парчиња разновиден златен накит во вкупна вредност која се проценува на 30 илјади денари.
Србинката била лишена од слобода и задржана во Полициската станица Гостивар, а одземениот накит е пронајден и вратен на сопственичката.
СВР информира дека српската државјанка се сомничи, дека и претходно, кон крајот на минатата година, извршила кражби на златен накит кај нејзини роднини во Гостивар и Ново Село.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди