Поврзи се со нас

Гостивар

Србиноска на средба со граѓани со оштетен вид во Гостивар: ИНТЕГРА ќе води грижа за лицата со попречености

Објавено

на

Виолета Србиноска, носител на листата со кандидати за пратеници од Интегра – Македонска конзервативна партија во ИЕ 6, денеска оствари средба со здруженијата на граѓани со оштетен вид „Реалност“ од Гостивар.

„Денешнава посета е со цел да ги слушнеме проблемите со кои се среќаваат овие лица во секојдневното живеење, кои се нивните барања и како ние можем да им излеземе во пресрет и директно да помогнеме. Навистина е жално она што го слушнавме. Јас како носител на изборната листа во шестата изборна единица, лично ќе се залагам нивните потреби и проблеми да бидат приоритетно решени, со што ќе им се олесни нивното живеење. Иако со телесен хендикеп, овие лица мора да го пронајдат своето место во општеството. Меѓу нив има и високообразовани и стручни лица за кои мора да се најде место во државните институции.“, изјави Србиноска.

Ненад Ристески од здружението на слепи рече дека моментално најголем проблем во функционирањето им е немањато на говорна програма на македонски и албански јазик, за компјутери и мобилни уреди.

„Немањето на говорна програма на македонски и албански јазик за компјутери и мобилни уреди, ни претставува голема пречка во нашето функционирање. Имаме членови во здружението кои сакаат да учат, да напредуваат во разни области, токму поради ова не може да се надградуваат, се мачиме на странски јазици. Не е голема инвестција, но до сега никој немаше слух за ова. Во институциите сеуште нема тактилни патеки и помагала за пристап на слепи лица. Како и законот за туѓа нега и мобилност кој важи од 26 години па нагоре, мора да се корегира. Сите помагала кои ги кориситме ги набавуваме самите од соседни држави, кај нас не можа да се најде скоро ништо.“, рече Ристески.

Претходно Србиноска оствари средби со здруженијата на граѓани со оштетен вид и слух од Тетово.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена