Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 13/07/2019 | 22:14

Србиноски на клупата на КК Гостивар и во наредна сезона

КК Гостивар започнува да се подготвува за сезоната што претстои. Клубот вечерва ја официјализира соработката со досегашниот тренер на „бело-сините“, Марјан Србиноски.

– Во Марче имаме голема доверба, сакаме да ги известиме нашите навивачи дека ја продолжуваме соработката со Србиноски. Оваа сезона Марче ќе има малку поинаква улога, нешто како тим-менаџерите во англискиот фудбал. Покрај шеф на стручен штаб на сениорскиот тим, под негова палка ќе бидат и сите младински екипи во клубот, ќе се координира нивната работа се со цел да ги подготвиме нашите надежи за првиот тим. Во периодот што следи ќе ги најавиме и плановите за следната сезона, велат од КК Гостивар.

И Србиноски е задоволен од продолжената соработка. „Гостивар заслужува да има квалитетна кошарка, се надевам заедно со управата на клубот ќе продолжиме да ја радуваме нашата публика и во новата сезона. Минатата беше тешка, но остваривме добар успех, да очекуваме дека се ќе се одвива според планираното и оваа сезона ќе имаме конкурентен тим за големи достигнувања“, изјави Србиноски за Gostivarpress.mk

Напишете коментар