Поврзи се со нас

Гостивар

Средба Меџити-Лимани, ветена поддршка за 3 капитални проекти во Општина Гостивар

Објавено

на

    Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и в.д. градоначалник на општина Гостивар, Валбон Лимани денеска разговарале како Владата може да го помогне процесот на децентрализација и реализацијата на општинските проекти.

    „Разговаравме за конкретни проекти. Ќе помогнеме да заврши проектот за фекална канализација Блок 21, што е многу битен за граѓаните на Гостивар. Исто така, да продолжи битен проект за селото Чегране, што е најголемото село на ниво на Република Македонија. Тоа е проект за што се потребни 1,3 милион евра, каде ние ќе помогнеме, а главниот збор го има општината“, информираше Меџити по средбата во Министерството за животна средина  и просторно планирање.

    Оваа Влада, додаде тој, во овој мандат ќе дели милијарда евра за капитални проекти по општините, каде секоја општина ќе добие по број на жители по утврдена методологија. Министерот рече дека се тука да помогнат и во подготовките и во реализација на проекти и иницијативи во интерес на граѓаните.

    „Разговаравме и за процесот на децентрализација како да зајакне, како да се одвива, тука е наредна фаза на фискална децентрализација што ќе помогне Македонија да не биде последна во регионот како нецентрализирана. Разговаравме и околу блок акциите за образование и за друго, каде платите се покачени, блок дотациите одат само за плати не остануваат само за транспорт, а уште помалку за капитални инвестиции во образование по општините“, рече Меџити.

    Тој најави дека ваквите состаноци ќе бидат почести, сѐ со цел за подобра реализација на добри проекти во интерес на граѓаните.

    Гостиварскиот градоначалник Лимани посочи дека станало збор за проблемите со што се соочуваат општините, за планираните проекти на општината, како и помошта што може да ја добијат од МЖСПП.

    „Исто така, сега во својство на прв вицепремиер, разговаравме за проектите што ги има предвидено Владата, повиците што ќе бидат овој месец и наредната година и што ќе се осврнат на капиталните инвестиции низ општините. Но, и околу тековните проблеми на општините што се поврзани со блок дотациите што ни доаѓаат од Министерството за образование и наука, од Министерството за одбрана, но и другите проблеми со што се соочуваме ние, како и нашите граѓани, во однос на животната средина, во однос на поквалитетниот воздух, но и во однос на подземната инфраструктура“, нагласи градоначалникот Лимани.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 43 минути

    Се паркира кој каде стигне-Неделава во Гостивар 58 казнети, 39 возила подигнати со пајак

    Македонијапред 2 часа

    На државна матура најмногу пријавени за полагање англиски јазик

    Здравје и убавинапред 4 часа

    Рецепт за домашен сок од глуварче

    Деца Родителипред 18 часа

    Кога промените во однесување зборуваат гласно – детски повици за помош

    Македонијапред 19 часа

    Нов историски ден за Северна Македонија, оцени Мицкоски

    Македонијапред 23 часа

    Менталните нарушувања почести, но посета на психолог и психијатар е сè уште табу тема

    Македонијапред 1 ден

    Затвор по 1,5 година за поранешните директори на Клиника во Тетово за пожарот во модуларната болница

    Македонијапред 1 ден

    Поскапува Еуросупер БС-98

    Писмапред 1 ден

    ПИСМА: Граѓани од Малеарди реагираат-„Се корнат здрави дрвја заради изградба на велосипедска патека“

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена