Вести
Средба меѓу полицијата и директори на училишта во Гостивар
Надлежните за јавен ред и мир и директорите на повеќе училишта во Гостивар, остварија средба на првиот ден од новата учебна година. Тема на разговор беа проблемите од безбедносен карактер кои се директно врзани и ги засегаат училиштата.
„На денешната средба, началникот на Секторот за внатрешни работи Тетово, Амир Далипи, поблиску ги запозна најодговорните на училиштата со досегашните и идни активности за поголем ред и безбедност на учениците во и околу училиштата, пред се од областа на јавниот ред и мир и сообраќајот. Далипи, исто така, се осврна и начинот за најефикасна практична соработка на релација училишта-полиција, а стана збор и за другите состојби и можни предизвици од професионалниот делокруг на СВР Тетово.“, соопшти Секторот за внатрешни работи.
Полицијата најави вакви средби и во наредниот период со цел на учениците да им се овозможи максимална безбедност пред, во текот и по завршувањето на наставата.
-
Гостиварпред 20 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград