Македонија
Средба Мицкоски – Филипче: Ќе се формираат работни групи за реформи во правосудството, енергетиката и здравството

Во просториите на Владата денеска се одржа средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, која траеше еден час и 40 минути.
По средбата, Филипче ја оцени дискусијата како конструктивна и информираше дека е постигнат начелен договор за формирање на заеднички работни групи кои ќе работат на реформската агенда во неколку клучни сектори.
„Начелно договоривме дека ќе работиме на начин за формирање на заеднички тела или работни групи во делот на спроведување на реформската агенда. Првичните закони кои треба да стигнат во Собранието се однесуваат на правосудството, нешто што ги тангира сите, понатаму енергетиката и некои работи во однос на стратешките движења и проекти во здравството“, изјави Филипче.
Премиерот Мицкоски, пак, преку објава на социјалните медиуми, кусо истакна дека на средбата се разговарало за актуелните случувања во земјата и дека „одговорност, мудрост и чесност ѝ се повеќе од потребни на Македонија“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос