Поврзи се со нас

Македонија

Средба на Ковачевски со коалициските партнери

Објавено

на

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва во 20 часот во Клубот на пратеници ќе одржи средба со лидерите на коалициските партнери на СДСМ. Ковачевски денеска во изјава за новинарите рече дека разговарал и оти и денеска ќе разговара со добар дел од коалициските партнери, во однос, како што вели, за функционирањето на темите што се значајни за работењето на Владата, а од интерес за граѓаните. 

– Исто така, имам разговарано и со партијата Алтернатива, односно со нејзиниот претседател, бидејќи имаме редовни состаноци, меѓутоа немаме разговарано за детали за влегување на нов партнер во Владата, бидејќи такви детали не се разговарани со потенцијален нов партнер. Тоа исто така ви го потврди и претседателот на Алијанса, дека ние сме политички партии, вклучително и Алијанса за Албанците, што сме за продолжување на европскиот пат на државата, меѓутоа дека во однос на конкретни разговори за програмски и кадровски детали немаме разговарано, рече Ковачевски. 

Тој истакна дека доколку се влезе во такви разговори, тогаш, нормално дека ќе бидат консултирани и ќе биде разговарано и со постојните коалициски партнер во Владата, исто како што беше разговарано со коалициските партии во Владата кога влегуваше партијата Алтернатива.  

Централното претседателство на Алијанса за Албанците неделава ќе формира комисија која треба да преговара за евентуален влез на партијата во Владата или за останување во опозиција, откако Централното собрание викендов го овласти раководството да ја донесе конечната одлука.

Во саботата вечер, по завршувањето на Централното собрание на Алијанса за Албанците, претседателот на партијата Арбен Таравари, рече дека имале плодна дискусија на оваа тема, оти дел од членовите биле за, некои против, како и дека централното претседателство на партијата ќе треба да ја донесе конечната одлука.

Претходно, пред одржувањето на Централното собрание, Таравари во изјава за една национална телевизија рече дека поканата за влез во Владата ќе ја прифатат само за сериозна борба против корупцијата и ако постојат шанси да се обезбедат 80 пратеници за уставни измени. 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 часа

(Фото) Еве што најде полицијата во ординацијата на надрилекарот во Врапчиште

Македонијапред 4 часа

Градежните фирми лани потрошиле 11,123 милијарди денари за градежни материјали и енергија

Спортпред 6 часа

Алкараз физички не издржа, Ѓоковиќ во финалето на Роланд Гарос

Гостиварпред 7 часа

Си товареле инвентар од обложувалница без да знае бизнис партнерот, приведени пет лица во Гостивар и еден во Тетово

Гостиварпред 8 часа

Од утре онлајн аплицирање за упис во средно

Гостиварпред 9 часа

Малолетник фатен со марихуана ноќеска на улица во Гостивар

Гостиварпред 10 часа

Државата има правни механизми за раскинување на концесиите за мали хидроцентрали во Маврово, порачува Еко свест

Гостиварпред 11 часа

Уапсен надрилекар во Врапчиште – Најдени апчиња, пари, медицински белешки во неговата лажна ординација

Гостиварпред 12 часа

Спортски игри за основците во Гостивар: Влечеа јаже, скокаа во вреќи, додаваа топка…

Гостиварпред 3 недели

Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ

Гостиварпред 4 недели

Продавале девојче за 50 до 200 евра, меѓу уапсените има и од Гостивар

Вестипред 3 недели

Планинско велосипедска тура „МТБ Маврово 2023“ – Во тек е пријавување

Гостиварпред 3 недели

Тамара од Гостивар ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг!

Писмапред 2 недели

ПИСМА: Граѓани од Гостивар реагираат на небезбедно градилиште

Гостиварпред 2 недели

ПИСМА: Стотина родители инсистираат на целодневна настава во ОУ „Гоце Делчев“ Гостивар

Гостиварпред 2 недели

30 дена притвор за гостиварецот пријавен за сексуално вознемирување на малолетната внука

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар утре хит комедијата „Обвинителка“ со легендарната Лидија Вуќичевиќ

Гостиварпред 4 недели

Група граѓани од Гостивар со поддршка за Реџеп Таип Ердоган

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена