Поврзи се со нас

Македонија

Средба на новинари од Полог и полицијата за подобра соработка и безбедност на медиумските работници

Објавено

на

Предизвици во известувањето и документирање на настани од јавен простор во полошкиот регион и подобрување на комуникацијата на новинарите со претставниците на МВР, посебно со помладите службени лица беа темите на вчерашниот состанок кој се одржа во СВР Тетово. Новинари од полошкиот регион и претставници на МВР отворено разговараа за начините како да се унапреди работата на новинарите и како тие побезбедно да ги извршуваат своите задачи на терен, без притоа да бидат попречувани. Присутните на овој работен состанок разговараа за потребата од меѓусебно почитување помеѓу полицијата и медиумите со цел да се продлабочи меѓусебното разбирање но и да се зајакне безбедноста на новинарите и снимателите.

„Соработката помеѓу претставници на медиумите и полицијата е нужна посебно кога станува збор за специфични настани како што се протести и јавни собири, официјални и протоколарни посети на градот Тетово но случаи во кои имало разни законски прекршоци или несреќи на јавен простор. Беше констатирано дека потребно е повеќе работа и обука во иднина посебно со помладите генерации на службени лица во МВР кои имаат помалку пракса во работата. На овој начин би се превенирале идни недоразбирања но и би се подобрила меѓусебната почит и професионална и одговорна комуникација помеѓу полицијата и медиумите, што придонесува кон градење силна соработка помеѓу заедницата и полицијата исто така.“, извести ЗНМ.

На средбата претставници од ЗНМ беа новинарот Урим Хасипи, координатор на регионалниот центар во Тетово, новинарот Зоран Димовски, координаторот на секцијата на сниматели од полошкиот регион Ведут Османи,  а од МВР беа Тони Ангеловски, Помошник министерот за односи со јавност како и Марјан Јосифоски, Амир Далипи и Фатмир Реџепи од СВР Тетово.

Оваа средба е продолжување и надградба на добрата соработка помеѓу претставници на ЗНМ и МВР и продолжување на средбите кои се одвиваа во текот на минатата година во Скопје а како резултат на претходно потпишан меморандум за соработка. Во наредниот период се предвидени слични средби во останатите регионални центри на ЗНМ во Охрид, Битола, Куманово, Штип и Струмица.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 1 час

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 2 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 3 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 5 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 18 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена