Гостивар
Средби на полицијата со угостителите во пресрет на матурските прослави

Во пресрет на претстојните матурски прослави, Отсекот за превенција на Секторот за внатрешни работи Тетово деновиве реализираше повеќе активности со кои беа опфатени тетовските и гостиварските средни училишта и сопствениците на угостителски објекти во кои ќе се организираат вакви прослави.
„На средбите со раководствата на училиштата посебно им беше укажано практично да ги преземат сите потребни организациски и други мерки за безбедно организирање на матурските прослави, со непосредна вклученост во истите и на класните раководители и родителите на матурантите. Во таа насока, нагласено е учениците да не доаѓаат или да се враќаат со нивни или автомобилите на нивните родители. Од угостителите, пак, е побарано да ангажираат соодветни служби кои ќе се грижат за редот и безбедноста во објектите, на влезовите да контролираат што се внесува внатре и навреме да реагираат при евентуални провокации и можни инциденти.“, информираат од полицијата.
Целта на овие активности е да се превенираат несакани настани и појави и да се овозможи непречено и безбедно прославување во училиштата или угостителските објекти.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение