Поврзи се со нас

Гостивар

Средните училишта во Гостивар ќе се унапредуваат преку Акциски планови со приоритети

Објавено

на

Потребите и приоритетите во гостиварските средни училишта ќе бидат срочени во Акциски план, кој има за цел да го подоби квалитетот на образовниот процес. Иницијативата за вакви планови ја покрена локалната самоуправа на Гостивар, а започна да се имплементира од средното техничко училиште. Работна група составена од професори, ученици, родители и педагошко-психолошката служба дискутираше за начините како да се унапреди наставата.

„Техничкото е пилот училиште во кое го спроведуваме овој проект, се надеваме дека ќе даде ефекти и да продолжиме со останатите училишта. Многу е важно да се знаат реалните потреби на училиштата, за да се одредат вистинските чекори кои потоа треба да се преземаат за доброто на учениците“, изјави раководителката на општинскиот Сектор за образование , Аслијан Снопче.

Според директорот на училиштето Бесир Салиу, најголем акцент ќе биде ставен на практичната настава. „За нас како техничко училиште секако многу важно е изведувањето на практичниот дел од наставата и тоа ќе биде еден од главните приоритети. Од овие состаноци очекуваме да произлезат и други приоритети за кои ќе се дискутира“, рече Салиу.

Модераторот на проектот, Африм Илјази ја истакна важноста од креирање Акциски планови, со кои ќе се добие појасна слика за потребите на училиштата во насока на подобро образование за децата.

 

Сподели ја веста:
Advertisement
Македонијапред 12 часа

Македонија во спомен на 59-те жртви во пожарот, собир и на плоштадот во Гостивар

Македонијапред 14 часа

Контрола на кабареа, ноќни и диско клубови-Донесени забрани за работа

Македонијапред 14 часа

Извршени претреси во Министерство за економија, управителот и одговорното лице на „Пулс“ и Општина Кочани

Македонијапред 17 часа

Погребот на загинатите во пожарот во Кочани ќе биде во четврток

Македонијапред 18 часа

Тошковски разреши началници и командири во Штип и Кочани

Македонијапред 20 часа

Во храмовите на МПЦ-ОА утре и во петок заупокоена литургија, парастос за упокоените и молитва за повредените

Македонијапред 21 час

Да не се шпекулира со бројот на загинати во пожарот во Кочани, апелира Владата

Македонијапред 22 часа

Притвор од 48 часа за Бектеши, Трајковски и уште 12 осомничени лица за пожарот во Кочани

Македонијапред 23 часа

Поради трагедијата во Кочани ден на жалост и во Србија, Бугарија, БиХ, Црна Гора

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена