Вести
Средно техничко Гостивар – Свечена промоција на матурантите
На свечена манифестација, во присуство на голем број гости, родители, пријатели, преставници од институции, во средното техничко училиште во Гостивар, денес беше промовирана новата генерација на матуранти.
Од ова училиште, годинава со диплома за завршено средно образование, излегуваат шеесетина ученици од разни смерови, архитектура, електро, козметички и други. Видно возбудени и среќни, матурантите ги слушнаа пораките кои до нив беа испратени на манифестацијата за нивната иднина и натамошно образование.
„Со измешани емоции на тага и радост, ние нивните професори и ментори им посакуваме убава иднина исполнета со лични успеси, со кои сите ние ќе се гордееме. Им порачуваме – со крената глава да ги поминуваат сите препреки на кои ќе наидуваат, со единствена цел, да ја остварат својата замисла. Патот до целта не е лесен, ни едноставен. Длабоко се надевам дека успеавме овие четири години, советите кои секојдневно им ги делевме да им помогнат полесно да ги пребродуваат предизвиците“, рече во своето обраќање, Анѓелина Нофитоска, заменик директор во средното техничко училиште
На свечената промоција беа доделени признанија и пофалници за учениците кои покажале најдобри резултати во учењето, а беа прогласени и ученици на генерацијата.
Свеченоста се заокружи симболично со фрлање на капите и честитки за матурантите.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград