Гостивар
Средношколци од Гостивар и надлежните за образование на средба со министерот Шаќири
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска одржа работен состанок со претставници на Сојузот на средношколци од Гостивар на кој, како што соопшти МОН, разговарале за интересите на младите, проблемите со кои се соочуваат во текот на школувањето, подобрување на ученичкиот стандард и образовната инфраструктура. На средбата присуствуваа и надлежните од општинскиот Сектор за образование на Гостивар.
– Радува фактот што младите сè почесто бараат да се слушне нивниот глас, нивните идеи. Денеска со средношколците од општина Гостивар дискутиравме за процесот на образованието, нивните интереси. Претставниците изнесоа голем број предлози и идеи поврзани со реформите во средното образование и дел од нив веќе се планирани и ќе бидат инкорпорирани во новиот Закон за средно образование, изјави Шаќири.
Тој апелираше до сите средношколци во земјава активно да се вклучат во процесот на реформирање на средното образование и да ги достават нивните идеи и мислења за подобрување на образовниот процес.
– Младите се иднината на нашата земја и само со нивното активно учество во креирањето на образовните политики, можеме да се надеваме на создавање образование согласно светските трендови, додаде Шаќири.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар