Занимливости
Средношколец од Загреб добил единица по физичко на онлајн настава

Најверојатно помисливте дека е добра шега, но не е. Овој интересен случај се случил во Хрватска каде еден средношколец добил единица по физичко воспитување додека трае онлајн наставата – пишува хрватски “Јутарњи лист“.
Како се објаснува во текстот, повикувајќи се на извори блиски на ученикот, професорот поставил апликација преку која, ученикот требало да достави доказ дека ги изработил зададените вежбите.
“Бидејќи не го направил тоа во предвидениот рок, професорот му ставил “единица“ во форма на белешка, која влегла во е-дневник“, велат изворите на весникот.
Весникот наведува дека првите денови од онлајн наставата, која е организирана поради корона вирусот, ја одбележале хакерски напади, рушење на системот, земјотресот во Загреб, изостанок на оцени и тестирања, неизедначено оптеретување на учениците, како низа прашања на кои, учителите, учениците и родителите немаат одговор.
Онлајн наставата треба да ја следат 450,000 ученици во основните и средните училишта и оклу 70,000 студенти – се вели во текстот на хрватскиот весник.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година