Гостивар
Средното економско училиште во Гостивар до полуматурантите: Преку нас до добра основа за високо образование и конкуретност на пазарот на трудот
Во пресрет на првото пријавување на полуматурантите за упис, кое почнува утре (14 јуни) раководството на средното економско општинско училиште во Гостивар потсетува на деталите и условите за запишување. Од училиштето воедно ги повикуваат идните средношколци да одберат еден од образовните профили што ги нуди „економско“, преку кој ќе се стекнат со знаења и вештини како добра основа за натамошното високо образование и ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот.
Во учебната 2021/2022 година во средното економско училиште во Гостивар може да се запишат вкупно 272 полуматуранти, во паралелки со настава на македонски, албански и турски јазик. Подетални информации се дадени во огласот за упис.
О Г Л А С
за запишување на ученици во I (прва) година за учебната 2021/2022 год.
- БРОЈ НА УЧЕНИЦИ
Во I (прва) година ќе се запишат 272 ученици, во 8 паралелки, (102 ученици во 3 паралелки со настава на македонски јазик, 136 ученици во 4 паралелки со настава на албански јазик и 34 ученици во 1 паралелка со настава на турски јазик) според наставните планови и програми за:
– Македонски наставен јазик
Образовен профил | Број на учници | Број на паралелка | Минимум поени |
Економски техничар
четири годишно траење |
34 | 1 | 60 |
Правен техничар
четири годишно траење |
34 | 1 | 60 |
Бизнис администратор
четири годишно траење |
34 | 1 | 60 |
– Албански наставен јазик
Образовен профил | Број на учници | Број на паралелка | Минимум поени |
Економски техничар
четири годишно траење |
68 | 2 | 60 |
Правен техничар
четири годишно траење |
34 | 1 | 60 |
Бизнис администратор
четири годишно траење |
34 | 1 | 60 |
– Турски наставен јазик
Образовен профил | Број на учници | Број на паралелка | Минимум поени |
Економски техничар
четири годишно траење |
34 | 1 | 60 |
- УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
Запишувањето на учениците во Средното економско општинско училиште „Гостивар“ – Гостивар во учебната 2021/2022 година се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука и објавениот конкурс на Министерството за образование и наука Скопје.
Наставата се изведува на македонски јазик и кирилско писмо.
За припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, наставата во јавните средни училишта се изведува на јазикот и писмото на соодветната заедница.
Условите за запишување на учениците се:
- Да имаат завршено основно образование;
- Да не се постари од 17 години;
- Да се определиле за план и програма за стручно образование и обука;
- Да ги исполнуваат критриумите со овој глас.
III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
За I (прва) година при пријавување, учениците треба да ги поднесат следните документи:
- Пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница);
- Оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
- Дипломи (доколку имаат), одосвоени (I, II иIII) места од меѓународни и државни натпревари од (мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрајчје);
- Извод од матична книга на родените (без оглед на датумот на издавање).
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни.
Првото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 14 јуни 2021 година во период од 12:00 часот до 19:00 часот, на 15 и 16 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и на 17 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.
Целосните огласи на СЕОУ Гостивар со сите услови и уписни рокови може да ги преземете од следните линкови:
Запишување на ученици во I (прва) година за учебната 2020/2021 год Македонски јазик.
Запишување на ученици во I (прва) година за учебната 2020/2021 год Албански јазик.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар