Поврзи се со нас

Гостивар

Средното техничко училиште во Гостивар има нова спортска сала

Објавено

на

И покрај тоа што наставата генерално ќе се изведува преку интернет, гостиварските училишта новата учебна година ја дочекаа подновени. Во средното технично училиште денес беше пуштена во употреба реновираната спортска сала. Во ова училиште има и неколку други подновени простории.

„Оваа учебна година ја почнуваме со нова спортска сала, реновирани и опремени два нови кабинети за практична настава, потоа архивата, наставничката канцеларија како и просторијата за педагошко-психолошката служба. Ние и понатаму ќе продолжме да вложуваме во подобрување на условите, во план ни се и други проекти за кои веќе имаме обезбедено финансиски средства“, изјави директорот на училиштето Бесир Салиу.

Симболичната црвена лента на новата спортска сала ја пресече градоначалникот Арбен Таравари.

„За мене како човек, а и како градоначалник, нема поголемо задоволство од тоа кога ќе видам дека во училиштата има инвестиции, затоа што тоа се местата наменети за нашите најмили, децата. Почнавме од кровот на ОУ „Гоце Делчев“, реновирања во ОУ „Исмаил Ќемали“ , во ОУ „Единство“, еве и овде во средното техничко. Следната година предвидени ни се познајачни зафати во гимназијата и економското училиште, и тогаш веќе ќе можеме да кажеме дека Гостивар може да служи како пример за тоа како треба да изгледаат детските градинки и училиштата“, изјави градоначалникот.

Финансиите за проектите училиштата ги обезбедуваат од сопствен буџет, преку спонзорства, фондови, Министерството за образование и општината.

Инаку, ниту едно средно училиште во Гостивар до сега нема добиено согласност за настава со физичко присуство. Средното техничко има поднесено барање за комбинирана настава, односно  учениците од I и II година да бидат физички присутни, додека трета и 4 да држат часови преку интернет. За практичната настава се бара целосно да да се одвива со физичко присуство.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена