Македонија
ССМ бара платите да растат согласно инфлацијата и повторно да има платежни картички за домашни производи

Сојузот на синдикатите на Македонија излезе со повеќе предлози и барања за, како што нагласија, работниците да може да ја преживеат кризата. ССМ бара платите да го следат порастот на инфлацијата, како и порастот на синдикалната кошница. Едно од барањата е проширување на досегашните анти кризни мерки со замрзнување на маржата кај досега определените продукти како и проширување на повеќе прехрамбени продукти. Синдикатот исто така, смета дека повторно треба да се воведе платежната картичка за домашни производи за одредени категории семејства.
„ССМ бара да се воведе повторно мерката за право на платежна картичка за купување домашни производи и плаќање на сметките за електричната енергија за одредена категорија на работници и граѓани кои се најзагрозени и најпогодени од економската криза односно бараме да се поделат вредносни картички за купување храна и плаќање на сметките за електрична енергија на одредена категорија на семејства, особено на оние чиј вкупен приход е во износ под просечна плата (31.812,00 денари) во едно четиричлено семејство во висина до разликата од синдикалната минимална кошница (48.230,00 денари). Исто така бараме да бидат опфатени и категориите на средношколци и студенти кои се школуваат надвор од местото на живеење со субвенционирање на дел од трошоците од нивното сместување.“, истакнуваат од ССМ додавајќи дека овие мерки за работниците и граѓаните од најраниливе категории значат егзистенција во оваа економска и енергетска криза.
ССМ очекува Владата наредната недела на седница на Економско социјалниот совет да ги прифати ваквите мерки и на тој начин да им излезе во пресрет на работниците со најниски примања и најранливите категории на граѓани.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?