Поврзи се со нас

Македонија

ССМ: Инфлација 18,7 отсто, синдикалната кошничка 50.244,00 денари, Владата доцни со мерките

Објавено

на

Инфлацијата излезе надвор од контрола и таа според последните пресметки достигна високи 18,7 проценти, а Владата не презема ништо во изминатиот период да се спречи ваквиот галопирачки раст. Трендот на осиромашување на работниците и граѓаните никој не го спречува, туку напротив газдите се закануваат со откази, реагираат од Сојузот на синдикати на Македонија.

Синдикалната минимална кошница која ја пресметува ССМ, за септември, потенцираат оттаму, достигна 50.224,00 денари.

-Владата и работодавачите го честитаа 07 октомври, Меѓународниот ден за пристојна работа со непристојни плати и непристојна работа, со сиромашни работници и граѓани кои веќе не можат да си ги дозволат основните потреби за егзистенција. Поради се поевидентното зголемувањето на цените, имаме тренд на осиромашување на работниците и граѓаните и итно е потребно зголемување на платите  со кој ние работниците без да се грижиме за нашата егзистенција ќе можеме да си ги овозможиме најмалку трошоците во висина на една синдикална потрошувачка кошница, се вели во денешното соопштение од ССМ.

Според синдикатот, бизнисот и газдите и во време на економска и енергетска криза направиле милионски добивки, додека работниците едвај преживуваат и го чувствуваат на сопствена кожа најголемото зголемување на трошоците за живот од 18.7 отсто.

-Тоа што им е потребно на работниците е едноставно, поголеми пристојни плати и пристојни услови за работа. Не може да се справувате со зголемените трошоци за живот без зголемување на платите на работниците, поради тоа ССМ инсистира  платите во државата да го следат порастот на инфлацијата од 18,7 проценти, но и порастот на синдикалната кошница која ја изработува ССМ, велат од Синдикотот.

Затоа бараат доследна примена на одредбите од колективните договори за усогласување на платите согласно порастот на инфлацијата, продолжување на важењето на досегашни анти-кризни мерки со замрзнување на маржата кај досега определените продукти, како и проширување на повеќе прехрамбени продукти, но и бесплатен градски превоз до и од работа.

Исто така, ССМ бара да се воведе повторно мерката за право на платежна картичка за купување домашни производи и плаќање на сметките за електричната енергија за одредена категорија на работници и граѓани кои се најзагрозени и најпогодени од економската криза односно да се поделат вредносни картички за купување храна и плаќање на сметките за електрична енергија на одредена категорија на семејства, особено на оние чиј вкупен приход е во износ под просечна плата (31.812,00 денари) во едно четиричлено семејство во висина до разликата од синдикалната минимална кошница (50.224,00 денари).

Од ССМ апелираат на одговорно однесување на Владата и бизнис секторот, и велат дека е време за солидарност и поддршка пред се за ранливите категории на работници и граѓани. Во спротивно, нагласуваат од ССМ, социјалните немири нама да може да ги спречи никој.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Следете нè и на Facebook

Гостиварпред 42 минути

Денови на жалост во Маврово Ростуше и парична помош за погодените од земјотресот

Гостиварпред 3 часа

Таравари: До утре се‘ ќе биде јасно, со Владата сме скоро синхронизирани

Македонијапред 4 часа

Минималецот во март околу 20.500 денари, има пари и за раст на платата на административците за 2.000 денари-вели Бектеши

Гостиварпред 5 часа

Напад во угостителски објект во Чегране

Гостиварпред 6 часа

Пожарникари од Гостивар заминуваат на помош во Турција

Гостиварпред 7 часа

Приведен крадец од Гостивар, одземената „априлија“ вратена на сопственикот

Македонијапред 8 часа

Аплицирање за субвенции за струја до крај на февруари

Гостиварпред 8 часа

Судењето за „Ласкарци“ одложено, вештото лице не дојде на рочиште

Гостиварпред 9 часа

Учениците и наставникот го напуштиле подрачјето погодено од земјотресот и се на пат кон Анкара

Вестипред 10 часа

Почина инструменталистот и композитор Милан Завков

Гостиварпред 10 часа

Добридол денес ќе биде без струја

Вестипред 11 часа

Нов земјотрес од 5,6 степени по Рихтер ја погоди Турција

Македонијапред 21 час

Македонија испраќа итна помош во Турција по катастрофалниот земјотрес

Македонијапред 2 недели

Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава

Гостиварпред 1 недела

Затруени кучиња ноќеска во Гостивар

Гостиварпред 1 недела

Од петок се отвора сезоната за спортски риболов на Мавровско езеро и Радика

Гостиварпред 1 недела

На проституција во Гостивар се оддаваат и малолетнички и мажи

Гостиварпред 5 дена

Нов директор на „Паркинзи и зеленило“ во Гостивар

Што, како, каде?!пред 5 дена

Маркет Garage Акција во сите Ramstore маркети

Гостиварпред 2 недели

Расте бројот на наркозависници во Гостивар, марихуаната и хероинот најкористени наркотици

Гостиварпред 1 недела

Гостиварката Душица Димитриеска, член на Советот на ЈО даде свечена изјава

Здравје и убавинапред 2 недели

Смеса со 3 состојки против кашлица и болно грло

Македонијапред 1 недела

Горивата со повисоки цени од полноќ

Гостиварпред 2 недели

Амбасадорката на САД Агелер во Гостивар: Приоритети-ЕУ, борба против корупција и економски можности

Гостиварпред 1 недела

Физичка пресметка пред фирма во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Делови од Гостивар утре без струја по неколку часа

Гостиварпред 3 недели

Прослава на Богојавление – Водици, Гостивар 2023

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2023 во Гостивар-Ангелчињата ги стоплија срцата на христијаните

Гостиварпред 1 месец

ФОТО ВЕСТ: Гостивар последната вечер во оваа година

Гостиварпред 3 месеци

Гостивар граду мој, во срце те носам – Свеченост во чест на 18 Ноември

Спортпред 3 месеци

Каланоски со два погодоци го одлучи победникот во локалното дерби ФК Гостивар – ФК Арсими Чегране (2-0)

Спортпред 3 месеци

КК Гостивар го „спакува“ и Работнички 87-76

Македонијапред 4 месеци

Св. Кирил Лешочки – Прв светец од Тетовско-гостиварската епархија (Фото)

Спортпред 4 месеци

(Фотогалерија) Празник на кошарката во Скопје – МЗТ го пречека Партизан 74-92

Гостиварпред 5 месеци

Три децении јубилеј на Глигоровски: Убавина со македонски фолклор и бура од емоции во Гостивар

Културапред 5 месеци

Со концерт на етно групата Синтезис во Гостивар почна чествувањето на Денот на независноста

Гостиварпред 6 месеци

Чествување на Преображение во Гостивар – Манастирот во Циглана срцето на прославата

Гостиварпред 6 месеци

Завршен настан од Летната школа во Гостивар – Среќни деца, задоволни ментори

Гостиварпред 6 месеци

Свеченост по повод празникот Илинден во Гостивар

Advertisement

Отворени огласи за вработување

- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар

Популарно изминативе 100 дена