Македонија
ССМ: Јавната закана на фирмите за отпуштања ќе донесе социјален немир

Владата сериозно да го разгледа и да го осуди условувањето на компаниите кои вчера се заканија дека ќе отпуштат од 30 до 50 проценти од работниците поради зголемените трошоци кои ќе ги имале, бара Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
Според ССМ, ваквата јавна закана ќе донесе социјален немир и ќе ја загрози веќе кревката социјална состојба на работниците и граѓаните во државата.
-Фирмите треба да бидат одговорни. Владата во време на корона кризата ги помагаше бизнисите кои со парите на граѓаните се одржаа стабилни на пазарот, а исто така голем дел од нив ја злоупотребија паричната помош и наместо парите кај работниците завршија во нивните џебови, а обвинителството и институциите се уште молчат. Од тие причини бараме Владата да ја осуди и итно да преземе мерки во насока на спречување на ваквите условувања и да најде начин, законски да ги заштити вработените во приватниот сектор, посебно сега во ваква економска криза, особено поради тоа што бизнисот и газдите и во време на економска и енергетска криза направија милионски добивки, додека работниците едвај преживуваат и го чувствуваат на сопствена кожа најголемото зголемување на трошоците за живот, наведува ССМ.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?