Поврзи се со нас

Македонија

ССМ: Трговците се алчни, прво ги зголемија, па ги намалија цените

Објавено

на

    Трговците се алчни, повторно се обидуваат да заработуваат на грбот на граѓаните. Владата треба да преземе поригорозни чекори, рече денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, коментирајќи ги ефектите од есенската кошничка.

    Како што истакна Трендафилов, трговците го искористија периодот кога мерката за ограничување на маржите беше најавувана, па прво ги зголемија цените, за потоа, кога мерката стапи во сила, да ги намалат.

    ССМ не очекува многу и од Законот за нефер трговски практики зашто, според Трендафилов, Инспекторатот кубури со луѓе и не може да исконтролира огромен број трговци.

    Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во врска со Законот за нефер трговски практики, најави казни по Нова година. Дотогаш, рече, ќе се изрекуваат само опомени. Комисијата за заштита од конкуренција ќе има пет членови, а тројца ќе бидат дел од посебен сектор кој ќе се занимава само со прекршоци.

    „Вкупно 47 производи од синдикалната кошничка беа опфатени со есенската. За жал, трговците го искористија перидот кога мерката се најавуваше и ги зголемија цените па синдикалната кошничка во делот на храната и пијалаците за септември беше зголемена за околу 750 денари, а сега, за октомври, е намалена за 960 денари. Трговците беа алчни, на грбот на работниците повторно се обидуваат да заработуваат. Зголемените цени во септември само ги намалија во октомври и повторно останаа со истиот профит. Сметам дека Владата треба да преземе поригорозни чекори за да ги спречи ваквите појави. Чекаме да профункционира и ограничувањето на маржите со Законот за нефер трговски практики, но слаб е настапот на Инспекторатот, не зашто не сака, туку зашто има многу мал број луѓе за да исконтролира огромен број трговци“, истакна претседателот на ССМ.

    Тој напомена дека Владата треба да го вклучи ССМ во креирањето на новите мерки за ограничување на маржите.

    „Две третини од тоа што Владата предвиде, е од минимналната синдикална кошничка, а ние ја пресметуваме и најдобро знаеме што е потребно“, нагласи Трендафилов.

    Според министерот, откако е донесен Законот за нефер трговски практики, се следи ситуацијата на терен.

    „До крајот на годинава им дадовме време на добавувачите да ги усогласат цените, а по Нова Година, ќе се пишуваат казни. Дотогаш ќе има опомени и советувања за тоа како да ги прават договорите согласно Законот за нефер трговски практики. И Комисијата и секторот ќе ги разгледуваат овие договори што ќе ги склучуваат добавувачите и откупувачите. Мислам дека ќе се контролираат многу добро. Пример е Хрватска каде исто така е формирана Комисија за заштита од конкуренција од пет члена и функционира многу добро. Откога е донесен Законот за нефер трговски практики, ние сме на терен. Реализирани се состаноци со трговците, проиозводителите и дистрибутерите, ги слушнавме нивните маки, со што се соочуваат. Ако треба, за да функционират како што треба, во наредниот период ќе се додадат и нови членови. Законот е нов и затоа ги слушаме нивните забелешки“, истакна Дурмиши.

    Министерот и Трендафилов присуствуваа на настанот по повод одбележувањето на Европската недела на безбедност и здравје при работа.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 7 часа

    Потврдени 2 случаи на мајмунски сипаници во Македонија

    Технологијапред 11 часа

    Зошто сè повеќе гледаме два уреди истовремено и како тоа влијае врз нашето здравје

    Македонијапред 12 часа

    Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

    Македонијапред 15 часа

    За случајот „Онкологија“ обвинети двајца екс директори и четворица лекари

    Македонијапред 17 часа

    Просечната плата во март 44.763 денари, објави ДЗС

    Гостиварпред 18 часа

    Огнен Аќимоски од Гостивар освои 1 место на државниот натпревар по географија со максимални 100 поени

    Гостиварпред 20 часа

    Економското училиште во Гостивар ги промовираше образовните насоки – По 3.500 денари стипендија месечно за секој ученик

    Светпред 21 час

    Силен земјотрес во Грција, издадено предупредување за цунами

    Видео емисиипред 1 ден

    ВИДЕО | Дојди во Врбен – Во прегратка на планината, во душата на зеленилото!

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена