Поврзи се со нас

Македонија

ССМ: Владата на работниците им овозможи поскап леб и непокачени плати, непочитувајќи закон 

Објавено

на

Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека Владата нема слух за потребите на граѓаните и работниците, оти во услови на криза не презема мерки, и како што нагласува, без оправдани причини не овозможи зголемување на платите, односно нивно усогласување со минималната плата.

Владата, велат од ССМ, ги остава работниците и граѓаните сами да се снаоѓаат како знаат и умеат во услови на пост-ковид, економска, енергетска и воена криза со која се соочуваат. Во изминатиот период, според Синдикатот, Владата немала слух за потребите на нејзините работници и граѓани и наместо со навремени и таргетирани мерки, наместо со зголемување на плата да влијае директно на стандардот на работниците и граѓаните, таа, како што нагласуваат од ССМ, одбива да ги зголеми односно усогласи платите на нејзините вработени и во оваа економска и енергетска криза ги остава на работ на егзистенцијата.-Претставниците на Владата од нивните удобни фотељи во климатизираните кабинети гледаат розов свет, за разлика од работниците кои и покрај тоа што работат од ден на ден се сѐ посиромашни поради тоа што инфлацијата изнесува 14,5 отсто, синдикалната минимална кошница за една година е зголемена за 5.498,00 денари односно за 16 отсто, разликата меѓу просечната нето-плата и синдикалната кошница во 2022 година е 7.384 денари, цената на лебот за 1 година е зголемена за повеќе од 100 проценти, на маслото за јадење за 94 проценти, на горивата за 64,5 проценти, не електричната енергија за 9,4 проценти, на гасот за 64,6 отсто, а не е намалена на ниту еден производ или енергенс, реагираат од ССМ. Работниците работат, нагласуваат од Синдикатот, а се сиромашни и не можат да си ги прехранат семејствата. Тие работат, велат од ССМ, но никој не им го цени трудот.

-Додека државната каса се полни од даноците кои поради зголемените цени се слеваат во државната каса, работниците и граѓаните се мачат да излезат на крај со енормното поскапување, а зимата уште не е ни блиску. Без постоење на реални и оправдани причини, Владата постапува спротивно на Уставот во кои е уредена обврската за почитување на правото и законите и целосно функционирање на правната држава, Владата не постапува согласно Законот за минимална плата, другите закони и владеењето на правото и не обезбеди зголемување односно усогласување на платите за најмалку 2806 денари на сите вработени во јавниот сектор и на тој начин да го амортизира ударот од ценовните шокови кои ги доживуваат работниците секојдневно, се вели во денешната реакција од ССМ.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 32 минути

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 2 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 3 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Денес почнува кампањата за Парламентарните избори

Здравје и убавинапред 7 часа

Сремуш – одлично средство за чистење на организмот после зимските месеци

Македонијапред 8 часа

Прилагодена брзина и внимателно возење по влажните коловози

Македонијапред 19 часа

Вечерва значително посвежо време, инфо за измерени температури и прогноза за утре

Здравје и убавинапред 20 часа

Дали замрзнатото овошје и зеленчук е исто толку добро како и свежото?

Македонијапред 22 часа

Втор повик за грантови за модернизација во земјоделие

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена