Поврзи се со нас

Македонија

ССМ: Жените изложени на отпуштања, мобинг, намалени плати…

Објавено

на

Сојузот на синдикати на Меѓународниот ден на жената 8 Март алармираше дека изминатата година, најмногу поради пандемијата предизвикана од Ковид-19, жените работнички биле изложени на работа во специфични услови за работа, на незаконско намалување на платите, на отпуштања, на притисоци и вознемирување (мобинг) на работно место.

ССМ, заедно со своите партнери од Светската и Европската конфедерација на синдикати, повторно упатува апел до Владата да ја ратификува Конвенција на МОТ C-190 за спречување насилство и вознемирување во светот на работата и која ги заштитува работниците и другите лица во светот на работата.

„Работодавачите и Владата треба да прават повеќе за да го спречат насилството и вознемирувањето на жените на работа, дома или било каде!. Истовремено, жените се соочени и со малата застапеност кај законодавците, функционерите и на раководните позиции, а кога жените наоѓаат вработување, нивната плата е пониска од платата на мажите, што не соодветствува со нивото на образование на жените, додека јазот на платите е најзастапен кај нискоквалификуваните жени, па поради тоа потребно е да се обезбеди рамноправно учество на жените во капиталот, во економскиот, социјалниот, политичкиот и културниот живот. Го користиме Меѓународниот ден на жената, 8ми Март, само да потсетиме на проблемите со кои се соочуваат жените, а како ССМ, во текот на изминатата година работевме и продолжуваме да работиме за да ги заштитиме нашите колешки, сограѓанки и нивните работнички права.“, нагласуваат од ССМ.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена