Поврзи се со нас

Гостивар

Станари од зграда во центарот на Гостивар попречени да си го откупат дворното место

Објавено

на

Повеќе од десет години, се обидуваат да го откупат дворното место пред зградата во која живеат, но постојано наидуваат на препреки. Станарите од зграда на ул„Илинденска“ во близина на плоштадот на Гостивар велат дека не можат да си го остварат правото, заради заплеткани процедури.

На почетокот дворот не ни бил внесен во урбанистичкиот план. Откако платиле да се направи геодетски елаборат, местото влегло во планот. Ја поднеле целата документација за приватизација, но правно лице кое нема сопственост во зградата, а има корисничко право на место под објектот, го оспорува предметот.

Проблемот тргна од 2009-та година, кога беше донесен Законот за откуп на дворни места. До ден денес, не е решен, од причина што странка што нема имот ни го оспорува правото на приватизација. Странката има корисничко право за простор под зградата, но не на дворот. Во катастар по закон требаше да се избрише корисничкото право, дека не постои. Тоа не беше направено, не знаеме од кои причини. Предметот стигна до второтстепена комисија на Управен суд“, објаснува Велимир Ѓорѓески, еден од станарите во зградата која има 12 станови.

Станарите посочуваат дека во решенијата што ги добиваат од комисиите за имотно-правен спор, нема логични образложенија. Бараат институциите наместо да ги вртат во круг, да најдат начин и решение да можат си го остварат правото на приватизација на дворното место.

„Последното решение е донесено на 28 јануари годинава. Во него само е нешто пишувано, како на фотокопир, членови од закони и повторно е вратен предметот на првостепена комисија. Просто кажано, не шетаат од врата на врата. Толку години да не може да се реши тој спор, не е  можно. Немаме друго што и мораме да се обратиме јавно преку медиумите“, вели Ѓорѓески.

Од одделението за имотно-правни работи во Гостивар, кое ги води предметите за откуп на дворови, рекоа дека се додека не биде избришано заостанатото корисничко право од катастар, не може да се донесе решение за приватизација.

Во меѓувреме станарите посочуваат дека неможноста да го откупат дворот им создава секојдневни проблеми со узурпација на просторот, блокирање со паркирани возила и слично.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 40 минути

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена