Поврзи се со нас

Вести

Станете од столче, прошетајте, играјте со децата…Физичката активност клучна за добро здравје

Објавено

на

Денешниот датум 10 мај е прогласен за Меѓународен ден на физичката активност. Физичката активност претставува, секое физичко движење кое го активира мускулно скелетниот систем, ја зголемува енергетската потрошувачка. Физичка активност се постигнува низ игра, работа, пешачење, домашни работи и рекреативни активности и таа не треба да се меша со вежбањето. Вежбањето е под-категорија на физичката активност, кое е планирано, структурирано, повторувачко и намерно, со цел подобрување или одржување на една или повеќе компоненти на физичката кондиција.

Физичката неактивност (недоволна физичка активност) е еден од водечките ризик фактори за незаразните заболувања и смрт во целиот свет. Недоволната физичка активност кај поедниците го зголемува ризикот од појава на рак, срцеви заболувања, мозочен удар и дијабетес за 20-30% и го скратува животниот век за 3-5 години.

На глобално ниво, 1 од 4 возрасни не е доволно активен. Повеќе од 80% од светската адолесцентна популација не е доволно физички активна.

Колку и каква физичка активност препорачува СЗО?

Деца и адолесценти на возраст од 5-17 години

  • Треба да се физички активни најмалку 60 минути на ден со умерен до силен интензитет.

Возрасни

  • Треба да се физички активни најмалку 150 минути со умерен интензитет во текот на целата недела, или најмалку 75 минути физичка активност со силен интензитет во текот на целата недела, или еквивалентна комбинација на активност со умерен и енергичен интензитет.

Овие препораки сè лесно остварливи и во домашни услови, без специјална опрема и во ограничен простор, наведуваат од Институтот за јавно здравје земајќи ја предвид пандемијата и фактот што многу луѓе остануваат во домашна изолација. Препораките за физичката активност во самоизолација се однесуваат на лицата без симптоми или дијагноза на акутно респираторно заболување.

Направете кратки активни паузи во текот на денот. Кратка и интензивна физичка активност е дел од неделните препораки. Танцувањето, играње со децата и извршувањето на  домашните работи како што се чистењето и градинарството се други начини да останете активни во текот на денот, во домашните услови.

Вежбајте по пат на интернет. Искористете ги часовите за вежбање преку интернет. Многу од нив се бесплатни и можат да се најдат на YouTube каналот. Ако немате искуство со изведување на овие вежби, бидете претпазливи и свесни за сопствените способности.

Прошетајте. Дури и во мали простори, шетањето или тапкањето во место, можат да ви помогнат да останете активни. Ако имате телефонски повик, наместо да седите, стојте или движете се низ дома додека зборувате.

Станете. Намалете го времето на седење, стојте секогаш кога е тоа изводливо. Би било идеално, да го прекинете времето на седење и лежење на секои 30 минути. Размислете на кои се начини можете да работите и што се можете да сработите додека стоите. Како пример се наведува редење книги или други материјали.

Опуштете се. Медитацијата и длабоките вдишувања можат да ви помогнат да останете смирени. За оптимално здравје, важна е здрава и избалансирана исхрана и хидратација. СЗО препорачува пиење вода, наместо слатки и газирани пијалоци, како и ограничена употреба на алкохолни пијалоци кај возрасните и строга забрана на употреба на алкохол кај младите луѓе, бремените жени и доилките. Алкохолот се забранува и кај некои други здравствени состојби. Препораките за подобрување на здравствената состојба, одат во прилог на оптимална консумација на житарки од цели зрна, свежо овошје и зеленчук, а ограничување на внес на сол, шеќер, маснотии и преработена и рафинирана храна.

извор:ИЈЗ

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена