Гостивар
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
Во пресрет на уписите во средно образование, кои почнуваат на 20 јуни, средното економско училиште во Гостивар на полуматурантите им ги презентира можностите кои ги нуди како стручен образовен центар.
Во СЕОУ Гостивар наредната учебна година може да се запишат вкупно 200 ученици на трите наставни јазици: македонски, албански и турски. Со смеровите што ги нуди: економски техничар, правен техничар, техничар за е-трговија и дигитален маркетинг како и угостителски техничар, учениците ја креираат основата за својата идна кариера како финансиски и маркетинг референти, сметководители, банкарски службеници, агенти за осигурување, правници, адвокати, маркетинг менаџери, угостители итн.
О Г Л А С
за запишување на ученици во
I (прва) година за учебната 2024/2025 год.
- I. БРОЈ НА УЧЕНИЦИ
Во I (прва) година ќе се запишат 200 ученици, во 8 паралелки, (75 ученици во 3 паралелки со настава на македонски јазик, 100 ученици во 4 паралелки со настава на албански јазик и 25 ученици во 1 паралелка со настава на турски јазик) според наставните планови и програми за:
Македонски наставен јазик
Образовен профил | Број на учници | Број на паралелка | Минимум поени |
Економски техничарчетири годишно траење *( соработка со ПТТУ „Хинаком – ЕПБ; ПРЕЦИЗНОСТ ДООЕЛ; Бенефит Дооел; Брендком Дооел; Викторана Дооел; Викторија- БобДоо; партнер – ЦО; АРС – ПРОМ Доо; ТаманаКом, Мона Дооел; Смарт Конт Дооел; Ажурност Плус Дооел) |
25 | 1 | 60 |
Бизнис администратор/техничар за е-трговија и дигитален маркетингчетири годишно траење *( соработка со Монтенегро ДОО) |
25 | 1 | 60 |
Угостителски техничарчетири годишно траење *( соработка со ДТПУ АЛБИС) |
25 | 1 | 45 |
Албански наставен јазик
Образовен профил | Број на учници | Број на паралелка | Минимум поени |
Економски техничарчетири годишно траење *( соработка со Финанца 21 и Еурофинанце, Биланс Консалтинг Офис ДООЕЛ, Селестина Консалтинг ДООЕЛ) |
25 | 1 | 60 |
Правен техничарчетири годишно траење *( соработка со општина Гостивар) |
25 | 1 | 60 |
Бизнис администратор/техничар за е-трговија и дигитален маркетингчетири годишно траење *( соработка со Монтенегро ДОО) |
25 | 1 | 60 |
Угостителски техничарчетири годишно траење *( соработка со Сиднеј Тераце) |
25 | 1 | 45 |
Турски наставен јазик
Образовен профил | Број на учници | Број на паралелка | Минимум поени |
Економски техничарчетири годишно траење *( соработка со Интер Импекс Доо; Антеп Баклава, Номино Лед Дооел; Резулушнс финанс консалтинг Дооел) |
25 | 1 | 60 |
II. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
Запишувањето на учениците во Средното економско општинско училиште „Гостивар“ – Гостивар во учебната 2024/2025 година се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука и објавениот конкурс на Министерството за образование и наука Скопје.
- Да имаат завршено основно образование;
- Да не се постари од 17 години;
- Да се определиле за план и програма за стручно образование и обука;
- Да ги исполнуваат критериумите со овој глас.
III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
За I (прва) година При пријавување, учениците треба да ги поднесат следните документи:
- Пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница);
- Оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
- Дипломи (доколку имаат), одосвоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од (мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрајчје);
- Извод од матична книга на родените (без оглед на датумот на издавање).
Пријавувањето и запишувањето оваа година во средните училишта ќе се врши електронски преку следниот линк: https://e-uslugi.mon.gov.mk на кој ќе може учениците да се најават преку нивните кориснички сметки на schools.mk.
-Рокови за електронско пријавување:
Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 20 јуни до 25 јуни 2024 година до 15.00 часот.
Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 01 јули и 02 јули 2024 година до 15:00 часот.
Целиот оглас за запишување на ученици во I (прва) година за учебната 2024/2025 год Македонски јазик.
Целиот оглас за запишување на ученици во I (прва) година за учебната 2024/2025 год Албански јазик.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија