Гостивар
Станува ли Гостивар ново жариште на ковид? Денес во регионот потврдени 9 новозаболени
Станува ли Гостивар ново жариште на ковид? Изминатиот период нема ден без да се регистрираат нови позитивни случаи. Според информациите на Министерството за здравство, изминатово деноноќие регистрирани се 9 нови случаи позитивни на Ковид 19.
Бројката на активно болни веќе се движи околу 180. Во изминтиве 24 часа, според информациите од гостиварската епидемиолошка служба, потврдени се 7 новозаразени од Општина Гостивар и 1 од Општина Врапчиште, за жителство на 1 пациент се чекаат податоци.
Растот на заболени во гостиварско се поклопи со претпоставките на надлежните дека укинувањето на полицискиот час и карантинот ќе придонесат за распространување на вирусот меѓу граѓаните.
Дневно за корона преку брисеви во Гостивар се испитуваат по 20-тина лица. Тоа се главно граѓани кои имале контакт со потврден случај и добиле некакви симптоми кои упатуваат на ковид.
Гостиварско има црна статистика со вкупно до сега 18 починати лица, за кои се утврдило дека биле позитивни на коронавирусот.
Од почетокот на пандемијата на гостиварското подрачје направени се околу 950 тестирања за ковид.
Во земјава денеска евидентирани се 164 новозаразени.
-
Гостиварпред 20 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
1 Коментар