Здравје и убавина
Станува многу популарна – Јога со пиво

Откако беше измислена пред неколку години, од Германците се разбира, Bieryoga или Јога со пиво, почна да се практикува и во други земји и стана омилен начин на вежбање на голем број луѓе.
Германците го оправдаа спојувањето на пивото со јогата, со тврдењето дека двете нешта имаат вековна традиција, делуваат терапевтски и се надополнуваат. „Основна цел на јогата е да го опушти телото и духот и да влијае позитивно врз здравјето. Од друга страна и пивото, кога се конзумира во умерена количина има позитивен ефект врз организмот, содржи антиоксиданти, минерали и други корисни материи. Со голема напомена дека зборуваме за строго умерено контролирано пиење“, велат поборниците на овој нов вид на јога.
Како изгледаат часовите по Bieryoga? За време на часовите, учесниците прават традиционални јога вежби, рамнотежата ја држат со полни шишиња пиво во рака, на нога, на глава и слично и притоа и пијат од нив.
Додека за едни ова е забавна активност во која неколкупати неделно уживаат, за други е бизарно и неприфатливо. Во која група спаѓате вие и дали би пробале Јога со пиво?
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?