Македонија
Стапи во сила законот за поголема заштита на новинарите и медиумските работници

Денеска во сила стапија измените на Кривичниот законик со кои се предвидува поголема заштита на новинарите и медиумските работници. Синдикатот на новинари го поздрави актот изгласан во понеделникот во Собранието на РМ со 85 гласа ЗА, а со кој на вработените во медиумите и особено оние кои се, и биле најподложни на напади во минатиот период, ќе бидат позаштитени.
Со измените на законот секое лице што ќе се заканува или ќе нападне новинар, снимател, камерман во време или поради извршување на професионалните задачи во иднина ќе добие сериозно поголема казна, а некои од нив предвидуваат и затвор од шест месеци до пет години. Во исто време, Обвинителството при повреди на правата на оваа група лица ќе презема мерки по службена должност наместо праксата ваквите предмети да се решаваат со приватни тужби.
Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници смета дека со овие интервенции во Кривичниот законик неговите членови и сите вработени во медиумите кои вршат задачи од јавен интерес ќе добијат поголема заштита при исполнување на своите професионални задачи, а безбедноста на луѓето што информираат е клучен фактор за дополнително подобрување на демократскиот амбиент во Македонија, и ќе даде импулс во слободата на говор во медиумите, но и во повеќе општествени сегменти.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава