Поврзи се со нас

Вести

Стапуваат во сила ограничувања на цената на руската нафта и европското ембарго

Објавено

на

Ограничувањето на цената на руската нафта до 60 долари за барел, согласно договорот на ЕУ, Г7 и Австралија, денеска стапува во сила, како и ембаргото за увоз на руска нафта во ЕУ, со неколку исклучоци. Горната граница се однесува на нафтата што Москва ја извезува по морски пат во светот. Одлуката за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел овозможува таа да се продава на трети земји користејќи танкери на државите од Г7 и ЕУ, нивните осигурителни компании и кредитни институции, но само ако нафтата се продава по цена под 60 долари.

Бидејќи клучните светски бродски и компании за осигурување се лоцирани во земјите на Г7, ограничувањето на цената може да и отежне на Москва да продава нафта за повисока цена. Но, Москва соопшти дека нема да ја почитува одлуката, дури и ако треба да го намали производството.

Александар Новак, рускиот вицепремиер задолжен за енергетика, рече дека работат „на механизми за забрана на употребата на инструментот за ограничување на цените, без оглед на нивото на кое е поставено, бидејќи таквото мешање може дополнително да го дестабилизира пазарот“.

Украина, пак, бараше цената да се ограничи на 30 долари за барел. Но, Западот стравува дека премногу ниската цена може да доведе до тоа Русија да ја повлече суровата нафта од пазарот, што ќе доведе до голем скок на цените.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека ограничувањето на цената на руската нафта на 60 долари не е сериозно и тешко дека ќе ја одврати Русија од војната во Украина.

Андриј Јермак, шефот на администрацијата на Зеленски, претходно рече дека границата треба да се постави на 30 долари „за побрзо да се уништи непријателската економија“.

Ограничувањето на цената ќе го разгледуваат ЕУ и Г7 на секои два месеци. Ембаргото на ЕУ за увоз на руска нафта беше договорено во јуни како дел од пакетот санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина.

Исклучоците се однесуваат на Унгарија, Словачка и Чешка, три земји-членки на ЕУ кои се особено зависни од руската нафта поради нивната географска локација и неможноста да го заменат овој увоз за кратко време.

 

Сподели ја веста:

Претседателски избори

маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 6 часа

Вечерва значително посвежо време, инфо за измерени температури и прогноза за утре

Здравје и убавинапред 6 часа

Дали замрзнатото овошје и зеленчук е исто толку добро како и свежото?

Македонијапред 9 часа

Втор повик за грантови за модернизација во земјоделие

Гостиварпред 10 часа

Лишен од слобода 19-годишник осомничен за кражба на добиток во Добридол

Македонијапред 11 часа

Вработените во Шумско ќе го радикализираат протестот! Немаат плати, теренски додатоци…

Македонијапред 12 часа

Апел од ЦУК за внимателност заради временските неприлики

ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Училиштата ќе работат во вторник, ќе бидат затворени само просториите со избирачки материјал

ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори

Гостиварпред 14 часа

Физички напад пред угостителски објект во Чајле

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена