Поврзи се со нас

Гостивар

Старата џамија во Равен ќе биде целосно обновена до крајот на 2023 година

Објавено

на

Претставници на Конзерваторскиот центар во Гостивар и Министерството за култура попладнево беа во посета на старата џамија во гостиварското село Равен, во кој објект изминатите години почнаа да се реализираат активности за реставрација. Од таму најавија дека проектот ќе продолжи и во наредната година, со што џамијата ќе биде целосно обновена.

„Со поддршка на Министерството за култура, во изминатите 5 години, презедовме конкретни чекори за реализација на етапите за реставрација на старата џамија во Равен. Сигурна сум дека до крајот на 2023 година, според оперативниот програмски план на Конзерваторски центар Гостивар, старата џамија ќе биде целосно обновена и ќе блесне со својот автентичен изглед, за што нема да изостане поддршката од Министерството за култура. Мисијата на Конзерваторскиот центар во Гостивар е да ги зачува малиот број на објекти кои останале со вредности на културно наследство, вклучувајќи ги Беговата куќа, Комплексот на Саат Џамијата, старите џамии и цркви, стара селска архитектура, недопрените археолошки локалитети, старите тврдини на многу локации во Гостивар.“, рече директорката на Конзерваторски, Хирије Саити.

Иако во Равен беше најавено присуство на министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, во последен момент тоа беше откажано, а како претставник од Министерството се обрати Афет Јашари, советник во институцијата.

„При посетата на овој објект кој е дел од заштита на културно наследство сакаме да прикажеме дека џамијата во Равен во континуитет ќе биде поддржана од Министерството за култура и за 2023 година, се со цел да се врати стариот сјај на џамијата“, рече Јашари.

За 2022 година, Министерството за култура одобри 11 проекти на Конзерваторски Центар  меѓу кои: археолошки ископувања во три тврдини во периферијата на Гостивар, валоризација на Вруток, одржување на стари објекти кои се под заштита на културното наследство, меѓу кои и Медресето, Саат кулата и портата на комплексот Саат џамија, реставрација на некои делови од Беговата куќа, обработка на фреските и иконите во црквата Свети Димитрија и други.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 9 часа

Вечерва значително посвежо време, инфо за измерени температури и прогноза за утре

Здравје и убавинапред 10 часа

Дали замрзнатото овошје и зеленчук е исто толку добро како и свежото?

Македонијапред 12 часа

Втор повик за грантови за модернизација во земјоделие

Гостиварпред 13 часа

Лишен од слобода 19-годишник осомничен за кражба на добиток во Добридол

Македонијапред 15 часа

Вработените во Шумско ќе го радикализираат протестот! Немаат плати, теренски додатоци…

Македонијапред 15 часа

Апел од ЦУК за внимателност заради временските неприлики

ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Училиштата ќе работат во вторник, ќе бидат затворени само просториите со избирачки материјал

ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори

Гостиварпред 17 часа

Физички напад пред угостителски објект во Чајле

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена