Гостивар
Старт на новата учебна година во Гостивар, запишани околу 570 првачиња
Во сите основни и средни училишта на подрачјето на Општина Гостивар денеска започна новата учебна година. Училишните раководства во соработка со надлежните за образование од локалната самоуправа претходно ги извршија потребните подготовки за непречено одвивање на образовниот процес.
Првиот училишен ден, како и вообичаено, е највозбудлив за првачињата. За нив училиштата организираа свечени приеми, со културно-уметничка програма подготвена од поголемите ученици.
На свечениот прием во основното училиште „Мустафа Ќемал Ататурк“ присуствуваше в.д. градоначалникот Ваљбон Лимани.
„Овде сме да им посакаме успешна учебна година на учениците. Во училиштата во Општина Гостивар годинава има околу 570 првачиња. За стотина од нив, кои се социјално загрозени општината подготви пакети со училишни чанти и други материјали, а за сите првачиња има симболични подароци“, кажа Лимани, кој денес воедно беше во посета и на училиштето во Чегране.
Раководителката на Секторот за образование, Аслијан Снопче информираше дека било изнајдено решение да се избегне прогласување на технолошки вишок од наставниот кадар и сите да си продолжат со работа.
„Најважно ни беше да немаме технолошки вишок и успеавме во тоа. Направивме состаноци со директорите и синдикатот и најдовме добро решение. Најмило ни е што сите професори почнуваат на своите работни места. Инаку, сите училишта се подготвени за успешна учебна година, спроведено е генерално чистење, дезинфекција во објектите, како и миење на дворовите.“, рече Снопче.
Во насока на поголема безбедност во сообраќајот за децата во училиштата периодов ќе се спроведуваат превентивно-едукативни активности.
Министерството за образование и наука информираше дека до училиштата биле испорачани 360 илјади примероци од сите одобрени и испечатени учебници и наставни материјали. Единствено, во основното образование ќе недостигаат учебници за странски јазици од прво до деветто одделение.
Годинава нема да има пролетен распуст. Оваа одлука ја донесе Министерството за образование и наука врз основа на спроведената анкета меѓу наставниците, родителите и учениците, кои во мнозинство се изјасниле дека ваков распуст не е потребен.
Зимскиот одмор ќе почне на 31 декември 2024, а ќе заврши на 19 јануари 2025. Летниот одмор, пак, почнува на 11 јуни, а завршува на 31 август.
-
Рецептипред 3 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 2 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Светпред 3 месеци
Земјотрес од 4,4 степени во Албанија
-
Македонијапред 3 месеци
Денес се слави Петровден
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар: Остри казни за сите кои го прекршуваат законот и го уништуваат јавниот имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Викендов 61 издание на Галичка свадба